Од ДУИ честитаа Божик и се пожалија дека има недостаток на волја за соживот

January 6, 2025
1 min read

Демократската унија за интеграција (ДУИ) им го честиташе Божик на граѓаните, но истовремено изразија загриженост за агресијата врз колективните вредности во државата.

„Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остри напади, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. Длабоко сме загрижени и разочарани од продолжената омраза, недостатокот на волја за соживот, како и од постојаните напори да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во оваа заедничка држава“, изјавија од ДУИ.

Тие нагласија дека оние кои мислат дека ќе се издигнат со рушењето на своите соседи, се во голема заблуда. „Никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив“, истакнуваат.

ДУИ изразија разочарување и поради молкот на оние кои гледаат, но не реагираат на агресијата. „Ова не е само прашање за Албанците, туку и за вредностите на оваа држава“, додаваат.

„Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде континуирана мета на агресија без последици за државата во целина“, изјавија од ДУИ.

Во пресрет на Божиќните празници, им посакаа на православните верници мир, хармонија и топлина во нивните домови. Тие истакнаа дека вистинските вредности не се мерат со омаловажување на другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно во почит и разбирање.

„Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас“, завршија од ДУИ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Партијата на Борисов ги прекина преговорите за состав на бугарска влада

Следно

Г. Петар: Гревовната состојба на човекот е причина за оддалечувањето од Бога

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија – МБИ10 со благ пад од 0,07%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 23 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,07% и заврши на 9.949,44

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop