Од Брисел во Виена: Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ 2025

December 3, 2025
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до петок престојува во работна посета на Виена, Австрија. Во рамки на посетата, тој ќе учествува на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ 2025, со кој претседава Финска.

ОБСЕ е организација препознатлива по својот сеопфатен концепт за безбедност, што политичко-воени прашања, како и такви човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Министерот ќе има неколку обраќања на теми од поширок заемен интерес во светло на сложениот безбедносен контекст со кој се соочува регионот на ОБСЕ.

Покрај учеството на Министерскиот совет, агендата на министерот при посетата на Виена вклучува и учество на состанокот на „Пријателите на Западен Балкан“, во организација на австриското Министерство за надворешни работи. На овој состанок ќе учествуваат високи претставници од земјите-членки на групата и државите од Западен Балкан, како и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.

За рамките на посетата на Виена, Муцунски ќе оствари средба и со Здружението на индустријалци на Австрија, каде ќе бидат претставени новите можности за економска соработка.

Предвидено е министерот Муцунски да оствари и серија билатерални средби и разговори.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ел Бомбардеро“: Мбапе се „распука“ во Билбао, Реал со убедлива победа (ВИДЕО)

Следно

Во Рио де Жанеиро процветаа палми кои цветаат само еднаш, засадени во 1960-тите

Latest from Blog

Заедничката изјава на ЕУ и Советот за соработка во Заливот ги осудува иранските напади

Земјите од Заливот ја нагласија својата „обврска дека нивните територии нема да се користат за напади против Иран“. „Тие ја потврдија својата непоколеблива посветеност на дијалогот и дипломатијата како средства за решавање

Пренџов: Кога жената е силна, семејството е стабилно, кога семејството е стабилно, државата е посилна

Кога жената е силна, семејството е стабилно.Кога семејството е стабилно, државата е посилна, напиша на Фејусбук пратеникот, Љупчо Пренџов. Нашата обврска како носители на јавни функции е да создадеме општество во кое

Филипче поддржува протест за зголемување на минималната плата: Владата со изговори да не им се излезе во пресрет на граѓаните!

Во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, се осврна на економските политики и минималната плата, оценувајќи дека таа е клучен показател
Go toTop