Од 7 октомври во израелските напади загинаа 31.553 Палестинци, 73.546 се повредени

March 16, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 63 Палестинци загинаа, а 112 се повредени во последните 24 часа додека Израел продолжува со нападите врз опколениот Појас Газа, објави денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу.

„Израелската окупација изврши седум масакри врз семејствата во Појасот Газа, во кои во изминатите 24 часа загинаа 63 лица, а 112 се повредени“, се вели во соопштението на Министерството.

Прекршувајќи ја привремената одлука на Меѓународниот суд на правдата, Израел ја продолжува својата офанзива врз Појасот Газа, каде според палестинските здравствени власти од 7 октомври досега се убиени најмалку 31.553 Палестинци, главно жени и деца, а 73.546 се повредени.

По тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Афера Ордени: Поголем дел од украдените 43.000 ордени се од СФР Југославија, меѓу кои има ретки и скапоцени примероци

Следно

Започнаа активностите за карневалот Прочка 2024 во Прилеп

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop