Од 7 октомври во Газа израелските сили убија 97 палестински новинари

December 19, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на загинати палестински новинари убиени од израелската армија од 7 октомври во Газа се искачи на 97, соопштија денес властите во опколената палестинска енклава, јавува Анадолу.

„Бројот на убиени новинари се искачи на 97 од почетокот на бруталната [израелска] агресија врз Газа“, соопшти владината канцеларија за медиуми со седиште во Газа.

Последна жртва новинар беше Адел Зороб, убиен во израелскиот воздушен напад врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, се вели од Канцеларијата за медиуми.

Оттаму ја обвинија израелската армија за намерно убивање на палестинските новинари, со цел „да нема трага од вистината“.

Израел го бомбардира Појасот Газа од воздух и од копно, воведе опсада и изврши копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Во израелските напади, според здравствените власти на Газа, загинати се најмалку 19.453 Палестинци, претежно деца и жени, а 52.286 се повредени.

Според официјални податоци, бројот на загинати Израелци во нападот на Хамас изнесува 1.200, додека над 130 заложници сè уште се држат од палестинската група во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во недела ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка во Скопје

Следно

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4 000 луѓе од градот Гриндавик

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop