Од 7 октомври 27.947 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа

February 9, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 27.947 Палестинци се убиени во блокираниот Појас Газа од почетокот на израелските напади, вклучително најмалку 107 убиени во изминатите 24 часа, јавува Анадолу.

Израел веќе 126 дена врши жестоки напади врз Појасот Газа каде што жителите се лишени од храна, вода и основни потреби.

Портпаролот на Министерството за здравство на Газа, Ешреф ал Кудра, изјави дека израелските сили извршиле масакри во изминатите 24 часа, при што загинале најмалку 107, а биле ранети 142 Палестинци.

На тој начин билансот од почетокот на израелските напади се зголеми на 27.947 убиени и 67.459 ранети.

Кудра потсети дека под урнатините и на улиците сѐ уште има тела на жртвите до кои надлежните служби не можат да стигнат поради постојаните израелски напади и блокада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интервјуто на Путин со Карлсон – критики за пропагандна платформа

Следно

Ердоган повика израелските воени злосторства во Газа да бидат во центарот на вниманието на светската јавност

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop