Од 1 јули до 31 август се воведува целосна забрана за движење во шума

June 26, 2025
1 min read

Од 1 јули до 31 август годинава се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми”.  Забраната, како што информираат се воведува со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми” – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат управуваат.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што информираат од ЈП „Национални шуми” – Скопје, денеска согласно член 57, став 3, дало согласност за Целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште што ќе стапи во сила од 01.07.2025 и ќе трае до 31.08.2025 година.

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, се изрекува глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.

Целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште не важи за вработените во ЈП „Национални шуми”-Скопје и подружниците, како и за вработените во Министерството за внатрешни работи (МВР), Министерството за одбрана, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Државниот инспекторат за шумарство и ловство (ДИШЛ), субјектите што вршат шумскостопански активности сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми” – Скопје, припадниците на ловочуварската служба и службени лица од корисниците дивеч во ловиштата кои вршат работи за корисникот на дивеч во ловиштето и на лица кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми” – Скопје.

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП „Национални шуми” кои вршат дејност заштита, Шумска полиција, МВР и ДИШЛ. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамнеи прогласи победа на Иран над Израел во 12-дневната војна

Следно

Филипче: Кога ќе продолжат ЕУ интеграциите? Мицкоски: Ќе сториме се да станеме членка, но не како „модерни“ Македонци

Latest from Blog

Во кои угостителски објекти ќе може да се пуши?

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе се најде на седница на Владата, по што ќе биде доставен до Собранието на понатамошна процедура. Министерот за здравство Азир Алиу информира дека процесот

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот теснец и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура

Таа нагласи дека инфлацијата на краток рок ќе расте преку повисоки цени на енергенсите, додека пак за среднорочните економски влијанија преусдни ќе бидат интензитетот и времетраењето на војната, како и притисокот од

МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, велат во соопштение од ресорното министерство.
Go toTop