Обвинителството оформи предмет по допрен глас по наводи за незаконито следење од безбедносни служби

December 27, 2024
1 min read

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ, кој на седница за пратенички прашања во Собранието на РСМ изјави дека бил незаконито следен од безбедносни служби во текот на 2020 година, информира Обвинителството.

Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите.

-Имајќи предвид дека се работи за сензитивен карактер на пласираната информација, обвинителството ќе ги преземе сите неопходни активности преку надлежни органи за да ги испита својствата на можни инволвирани лица и евентуалните инкриминирани дејствија, стои во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик

Следно

Тошковски вели дека истрагата не утврдела вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop