Обвинителство: Издадена е наредба за обдукција, загинатото девојче во Илинден имало 14 години

February 26, 2023
1 min read

Девојчето кое загина во синоќешната несреќа кај железничката станица во Илинден имало 14 години, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје по направениот увид со екипите на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина. Според првичните сознанија, како што наведуваат од Обвинителството, смртта настанала како последица на струен удар.

„Првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните и се допрело до жиците за струја под висок напон. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче“,

се наведува во соопштението од Обвинителството.

Од Обвинителството додаваат дека со двете малолетни лица – сведоци на настанот, е извршен разговор, местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан.​

фото: Макфакс

И од МВР денеска информираат дека по извршениот увид било констатирано дека станува збор за струен удар кој настанал откако девојчето се качило на вагон-цистерната , иако првично според пријавата во полиција беше соопштено дека двајца малолетници ја запалиле цистерната.

Во 21:05 часот во ПО-Петровец, С.К. пријавил дека во населбата Илинден кај железничката станица во складиштето на ‘Макпетрол’ од страна на малолетни лица е опожарена цистерна. Двете малолетни лица се кај него дома и по извршениот разговор со децата посочено е дека во цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато,“

соопшти МВР вчера веднаш по несреќата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европа во себе има нешто вечно: хемикалии

Следно

„Војдан Чернодрински“ во Чаир преименуван во „Oџа Атаулах Куртиши“

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

20 март 2026 година, Скопје- Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции,

ЈКП Комуналец – Прилеп: Големиот пожар во Алинци целосно изгаснат по интензивна акција

Пожарот на депонијата во Алинци, кој се сметаше за еден од најголемите предизвикани од непознат сторител, е целосно изгаснат. Во текот на три дена, вработените од ТППЕ Прилеп, ЈКП Комуналец, Дирекцијата за

Божиновска и KfW разговараа за проекти кои ја зајакнуваат енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со новата раководителка на одделот за енергетика за Европа и Кавказ во KfW, Бабет Штајн вон Камиенски. KfW е еден од
Go toTop