Обвинет во случајот „Пулс“ тврди дека е болен: „Однесете ме и во притвор, не можам да доаѓам на судења“

March 5, 2026
1 min read

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи со нови тензии во судницата, откако еден од обвинетите изјави дека поради здравствена состојба не може редовно да присуствува на рочиштата.

Обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот во кој функционирало кабарето „Пулс“, пред почетокот на рочиштето побара од судот да најде решение, тврдејќи дека е сериозно болен и дека не може да присуствува на долготрајните судења.

Тој објаснил дека претходно бил хоспитализиран во болница, поради што едно од рочиштата било одложено. Иако во меѓувреме бил пуштен од болничко лекување, според неговите тврдења здравствената состојба и понатаму му е сериозна.

Милковски пред судот изјавил дека има сепса на градите и бактерија во грлото, поради што нема сили да седи со часови на судењата.
„Болен сум, никој не ме сфаќа сериозно. Како да доаѓам кога немам сили? Не можам да седам по пет саати и да ме возат“, изјавил тој во судницата.

Судијката Диана Илиевска Груевска изјавила дека е информирана за неговата здравствена состојба, но според информациите со кои располага судот, состојбата не е толку сериозна како што тврди обвинетиот.

Милковски најавил дека нема да доаѓа на следното рочиште, на што судијката предупредила дека доколку не се појави, судот ќе предложи мерка притвор.
На тоа обвинетиот одговорил:
„Нека ме носат и од притвор. Фала и на тоа.“

На денешното рочиште во судскиот процес се предвидува да бидат сослушани очевидци предложени од обвинителството, како дел од доказната постапка.

Судењето е дел од процесот за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде во пожарот во март 2025 година загинаа 63 лица, а стотици беа повредени, што го прави еден од најтешките настани во поновата историја на земјата.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карик: Ова не беше наша ноќ

Следно

Обвинет во „Пулс“: Болен сум, не можам да доаѓам на судења, однесете ме и во притвор

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски: „Големите дела на Манаки се светско наследство“

Денес се навршуваат 62 година од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки. „Денес го одбележуваме денот кога се упокои нашиот патрон, легендата на Битола, Милтон Манаки. Комуната на Власите

Израел нападна палестински бегалски камп во Либан, двајца загинати (ВИДЕО)

Според министерството, нападот врз областа е извршен без претходно предупредување. Ова е најсеверниот израелски напад во Либан досега. Израелската војска сè уште не објавила кој бил цел на нападот. 🇮🇱🇱🇧 JUST IN:

Тошковски се огласи по добивањето син

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, стана татко по трет пат. Неговата сопруга се породи вчера, а во семејството пристигна новиот член – син! -Со особена радост сакам да споделам дека вчера

Обвинет во „Пулс“: Болен сум, не можам да доаѓам на судења, однесете ме и во притвор

Болен сум, не можам да доаѓам, се спремаат да ме „лишат“ во Кочани, барам од Судот некое решение. Со вакво барање пред почетокот на денешното судење за трагедијата во Кочани, излезе обвинетиот
Go toTop