Обвинение за сообраќајка со смртни последици во неготинско

August 1, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 03.12.2024 година, на регионалниот пат Р1103 Лакавица-Дреново-делница Пепелиште-Неготино, управувал товарно моторно возило „Ситроен џампер“ со велешки регистарски ознаки иако во тој момент не поседувал важечка возачка дозвола, односно истата му била со истечена важност. Кога пристигнал на критичното место викано „Лаки“ не обрнал внимание на пешаците кои се движеле во близина на работ на коловозот. Со ретровизорот удрил во главата на пешакот Ангелина Ангелова, која била отфрлена од патот и кај која биле предизвикани тешки телесни повреди – скршување на черепот, вратни пршлени и повеќе коски од кои починала. Кај оштетената исто така е утврден одреден пропуст бидејќи имала можност визуелно да го забележи товарното возило и навреме да го избегне, но тој пропуст е од секундарен карактер согласно извршеното вештачење.

Дополнително, во текот на постапката, јавниот обвинител обезбеди медицинска документација согласно која на обвинетиот му била утврдена попреченост – слепило со намалена видна функција од 99%. Врз основа на тоа, тој бил корисник на инвалидска пензија и додаток за утврдената попреченост, но и покрај тоа управувал со товарно возило во моментот на несреќата и во текот на истражната постапка успеал да ја продолжи возачката дозвола.

Од тие причини, Основното јавно обвинителство Кавадарци испрати известување до ОВР Неготино за обезбедените докази и побара да се извршат проверки за начинот на стекнување со возачка дозвола и со инвалидска пензија, односно проверка на веродостојноста на медицинските документации употребени во двата случаи.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ТЕАТАРСКИОТ РЕЖИСЕР И ДРАМАТУРГ РОБЕРТ ВИЛСОН

Следно

Американскиот државен секретар: Не може да има палестинска држава без согласност на Израел

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Go toTop