Облачно време со сончеви периоди: Во сабота топло, од недела ниски температури

November 1, 2024
1 min read

Времето и денеска ќе биде без значителна промена, наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи максималната температура денеска ќе се движи од 23 степени во Маврово, 22 во Скопје, до 23 степени Целзиусови во Гевгелија.

Во првиот ден од викендот, во сабота, времето ќе биде поубаво, а максималната температура ќе стигне до 26 степени Целзиусови.

Промената на времето ќе се случи во недела.

Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен, до засилен северен ветер. Дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.

Во текот на следната работна седмица, според прогнозата на УХМР, утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кејт Даглас го собори сопствениот светски рекорд

Следно

Почина Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop