Објавени снимките од израелските војници кои сексуално мачеа притворен Палестинец

August 7, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Објавена е снимка на која се гледа како израелски војници сексуално напаѓаат палестински затвореник од Газа во злогласниот израелски логор Сде Тејман, јавува Анадолу.

Снимката од надзорните камери, емитувана од израелскиот Канал 12, покажува група израелски резервисти како избираат еден затвореник од повеќе од 30, кои се сите легнати на земја со врзани очи. Потоа уапсениот е однесен во агол.

„Јасно е дека тие знаат за надзорните камери и се обидуваат да го скријат својот чин со штитовите“, се вели во извештајот. „Видеото содржи документација за кривичното дело на резервистите: чин на содомија во овие околности.“

Во извештајот се наведува дека притвореникот крвавел и бил пренесен во болница по неколку часа, каде што неговата состојба била опишана како „сложена“.

„Повредата е предизвикана поради вметнување предмет“, соопшти каналот, цитирајќи медицински извештај.

По апсењето на девет војници за извршувањето на чинот на 29 јули, израелските демонстранти од крајната десница, меѓу кои и политичари, упаднаа во две воени бази во Јужен и Централен Израел.

Израелското воено обвинителство тврди дека сè уште го истражува инцидентот и дека не поднело никакви обвиненија против обвинетите.

Последниве месеци се појавија голем број тврдења за масовно малтретирање на палестински затвореници од Газа во затворот Сде Тејман во пустината Негев, Јужен Израел. Израелските власти постојано тврдат дека ги истражуваат инцидентите, но ретко се гледаат видливи резултати.

Израел уби речиси 40.000 Палестинци во Газа од 7 октомври и обвинет е за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата воена офанзива.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ехо на омразата – кога онлајн говорот поттикнува насилство кон ЛГБТИ луѓето

Следно

Поведена постапка против началници и полициски службеници кои не санкционирале возач што возел со 272 километри на час

Latest from Blog

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во
Go toTop