Објавени снимки од дрон од разурнатите области во Турција и Сирија, бројот на загинати надмина 5 000

February 7, 2023
1 min read

Во катастрофалниот земјотрес се урнаа неколку илјади згради, а потрагата на преживеаните под рушевините е отежната и поради минусните температури и близу 200 последователни потреси кои ги погодија областите. Според последниот црн биланс, во земјотресот загинаа најмалку 5 000 луѓе

Дронските снимки објавени по разорните земјотреси во Турција и Сирија ја покажуваат моќноста и јачината на едни од најсилните потреси за ова подрачје во последните осум децении.

Во катастрофалниот земјотрес се урнаа неколку илјади згради, а потрагата на преживеаните под рушевините е отежната и поради минусните температури и близу 200 последователни потреси кои ги погодија областите.

Во разорниот земјотрес се срушија над 5 000 згради, а илјадници се оштетени / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Агенцијата за управување со катастрофи во Турција информира дека како последица на земјотресот во земјата се оштетени над 11 000 згради.

Бројот на загинатите во земјотресот во Турција и Сирија, според последниот биланс, се искачи на најмалку 5 000 луѓе, а се очекува бројот на мртви да се зголемува.

Продолжува спасувачката потрага по преживеани по големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Според информациите кои ги објави Си-ен-ен, во Турција се загинати вкупно 3 419 лица, а во Сирија бројот на загинати се искачи на 1 602. Како последица на земјотресот, во двете земји се повредени над 23 000 лица.

Обединетите нации соопштија дека земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужна Турција рано во понеделникот е најсилниот земјотрес во ова подрачје во повеќе од 80 години, односно од 1939 година.

Додека Турција и Сирија почнаа да ја проценуваат штетата предизвикана од земјотресот, земјите ширум светот се мобилизираа за да помогнат во напорите за спасување и закрепнување по катастрофата.

Од Северна Македонија во Турција ќе бидат испратени 40 припадници на силите за заштита и спасување кои ќе помогнат во санирањето на последиците од земјотресот, а заедно со нив ќе бидат испратени и две противпожарни возила. Дополнително ќе бидат испратени и 24 припадници на Армијата, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили, две кучиња за пребарување и две лица водачи на кучиња.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Теренски работни активности на водоводна и канализациона мрежа

Следно

Герасимовски свика итна седница за помош на настраданите во Турција

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на
Go toTop