Објавени првите фотографии од Трамп во судницата: Се изјасни дека не е виновен

April 4, 2023
1 min read

Телевизиските камери не смеат да го следат судењето, но на фотографите им е дозволено да го фотографираат почетокот на судењето. Фотографиите покажуваат дека во близина на Трамп нема ниту еден агент на Тајната служба, позади него стојат само службеници од правосудната полиција

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни како невин во судот во Менхетен, каде што по неговото формално апсење му се суди за 34 точки од обвинението, јавија американските медиуми.

Фото: EPA-EFE/CURTIS MEANS POOL

Телевизиските камери не смеат да го следат судењето, но на фотографите им е дозволено да го фотографираат почетокот на судењето. Фотографиите покажуваат дека во близина на Трамп нема ниту еден агент на Тајната служба, зад него стојат само службеници од правосудната полиција.

Фото: EPA-EFE/CURTIS MEANS POOL

Тој ја напушти судската зграда по сослушувањето и се упати кон својот дом во Флорида.

Трамп се соочува со 34 точки од обвинението за измама поврзани со тајните пари што тој наводно ги платил за прикривање вонбрачни афери. Трамп е обвинет дека ѝ платил на порноѕвездата Сторми Даниелс да молчи за нејзината врска со него пред неговата претседателска кандидатура во 2016 година.

Следното рочиште на кое Трамп мора да се појави е закажано за 4 декември во Њујорк.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчини: Не ми се допаѓа новиот мундијалски формат

Следно

Трамп ја напушти судницата на Менхетн, не даде изјава и замина за Флорида

Latest from Blog

Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал

Микел Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал. Договорот на 44-годишниот Шпанец е со важност до 2030 година, а според новиот договор, тој ќе заработува приближно 20

7,89 милиони денари промет на Македонската берза: МБИ10 порасна за 0,58 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.048,96 поени. Во однос

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности Во светот повторно расте интересот за рударството. САД проценуваат дека во следната деценија
Go toTop