Објавен вториот сет незапечатени судски документи поврзани со Џефри Епстајн

January 5, 2024
2 mins read

ВАШИНГТОН (АА) – Вториот сет судски документи поврзани со тужбата за сексуална злоупотреба во која е вмешан американскиот финансиер Џефри Епстајн беше објавен вчера, јавува Анадолу.

Деветнаесет незапечатени документи на вкупно повеќе од 300 страници се делови од граѓанската тужба за клевета поднесена од Вирџинија Џуфре, Американка која тврди дека Епстај сексуално ја злоупотребувал како малолетна. Таа, исто така, ја обвини Гислајн Максвел, поранешната девојка на Епстајн, дека помагала во олеснување на чинот.

Првиот сет незапечатени судски документи во случајот на Епстajн, кој вклучува наводи за сексуална трговија со малолетници и педофилија, откри имиња како поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Доналд Трамп, принцот Ендру и други познати личности.

Документите што вчера беа објавени од федералниот суд на Менхетен, особено вклучуваат сведочење под заклетва на детективот на Палм Бич, Џозеф Рекери, кој го детализираше процесот преку кој Епстајн и Максвел наоѓаат и регрутираат девојки „да вршат масажа и да работат во домот на Епстајн“.

Рекери, наводно, разговарал со околу 30-33 девојки регрутирани од Максвел.

Џуфре, исто така, во електронска пошта тврди дека поранешниот претседател Бил Клинтон му се заканувал на списанието „Венити Фер“ да не објавува статии за сексуална експлоатација поврзани со Епстајн.

– Личности споменати во документите на Епстајн –

Во документите објавени во средата, покрај Ендрју, Клинтон и Трамп, се споменуваат и поранешниот израелски премиер Ехуд Барак, поранешниот американски потпретседател Ал Гор, актерот Кевин Спејси, пејачот Мајкл Џексон, магионичарот Дејвид Коперфилд, адвокатот Алан Дершовиц и поранешниот гувернер на Њу Мексико, Бил Ричардсон.

Во документите се наоѓа и сведочењето на Јохана Сјоберг, во кое таа тврди дека била малтретирана од принцот Ендру во станот на Епстајн на Менхетен во 2001 година. Принцот Ендру ги негира обвиненијата за вознемирување.

Според документите, Сјоберг го обвини Бил Клинтон дека имал интерес за млади девојки и комуницирал со Трамп пред да оди на локациите на Епстајн во Њу Џерси.

– Случајот Џефри Епстајн –

Епстајн изврши самоубиство во својата ќелија во 2019 година додека го чекаше судењето за обвиненијата за сексуална трговија.

Тој беше приведен во федерален затвор во Менхетен додека се соочуваше со една точка за сексуална трговија со малолетници, која предвидува максимална казна од 40 години затвор, и друга точка за заговор за сексуална трговија со малолетници, што предвидува максимална казна од пет години.

Епштајн, наводно, ги извршил злосторствата на неговите имоти на Менхетен и Палм Бич, Флорида, каде што злоупотребувал десетици малолетни девојчиња, некои на 14-годишна возраст, и заговарал вршење сексуална трговија, според обвинителите.

Гислајн Максвел, девојката на Епстајн, беше прогласена за виновна на судењето, при што беше обвинета за помагање во нелегалните активности на Епстајн при намамување малолетни девојчиња на проституција за некои богати поединци, познати личности и владини функционери.

Во меѓувреме, една од жртвите на Епстајн, Вирџинија Џуфре, поднесе тужба во Њујорк во 2021 година, тврдејќи дека принцот Ендру сексуално ја злоупотребувал во Њујорк и Лондон кога имала 17 години. Џуфре тврди дека принцот, знаејќи дека е малолетна, сексуално ја вознемирувал без нејзина согласност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три дена бесплатен паркинг во Скопје, но „пајакот“ ќе работи и за празницте

Следно

Играј со најдобрите: Видеолотарија со донација од 15.453.000 и во 2023 реконструираше игралишта

Latest from Blog

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е
Go toTop