Објавен е списокот на домаќинства со право на субвенција за електрична енергија

December 5, 2025
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е завршена постапката за обработка, евалуација и верификација на сите пристигнати пријави за финансиска поддршка преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. По деталните проверки спроведени од комисиите и вкрстувањето на податоците со надлежните институции, јавно e објавен списокот на сите лица и домаќинства кои се стекнаа со право на субвенција.

Решенија за финансиска поддршка се донесени за следните категории: домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, домаќинства со едно или повеќе лица со најтешка телесна попреченост, домаќинства со едно или повеќе потполно слепи лица и домаќинства со едно или повеќе потполно глуви лица.

Комисиите ја завршија постапката на увид и проверка во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, Управата за јавни приходи и ЕВН Македонија. Согласно резултатите, утврдени се корисниците кои ги исполнуваат критериумите предвидени со Програмата, при што субвенцијата ќе се пресметува како месечно намалување на сметката за електрична енергија во износ од 1.000 денари, во траење од 12 месеци сметано од денот на поднесување на барањето.

Објавениот список е достапен на веб-страницата на Министерството за енергетика (www.energy.gov.mk).

https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/za-potrosuvacka-na-energija

Од министерството потсетуваат дека неплаќање на две последователни сметки за електрична енергија доведува до укинување на решението за финансиска поддршка, согласно правилата на Програмата.

Финансиската поддршка се распределува според принципот најниски приходи и согласно определените буџетски средства. Програмата за 2025 година, која обезбедува вкупно 42.300.000 денари државна поддршка, има за цел да обезбеди достапна и сигурна енергија за домаќинствата кои се соочуваат со енергетска сиромаштија, со особен фокус на лицата со попреченост и корисниците на гарантирана минимална помош. Дополнително, мерките опфаќаат и ослободување од трошоци за повторно приклучување, приоритетно отстранување на дефекти и заштита од исклучување во зимскиот период.

Министерството останува целосно посветено на унапредување на енергетската сигурност и социјалната заштита на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст

Следно

Муцунски во Виена ги презентираше владините политики за привлекување нови странски инвестици

Latest from Blog

Трамп го сака Гренланд, ама нема да употреби сила: Да не бевме ние, во Данска ќе се зборуваше германски или јапонски!

Американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор на економскиот форум во Давос, повтори дека го сака Грендланд, бидејќи како што вели, тоа парче мраз му е потребно за безбедноста на светот. Порача

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите

„Пред оваа акција каде што беше уапсен и фатен судија во Апелациониот суд со 350.000 евра во ѕидот на неговата семејна куќа, исто така беше уапсен и врховен судија со 10.000 евра

Утврдени тројца кандидати за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница го утврди предлогот за кандидати за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Тоа се дипломираниот правник Миле Стојановски

Николоски: Сите државни патишта се чисти и безбедни за сообраќај

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информира дека сите државни патишта низ Македонија се исчистени од снег и се проодни. „Благодарам за силниот ангажман на вработените во Македонија пат.
Go toTop