Обилни врнежи од снег во Токио и во други делови на Јапонија

February 6, 2024
1 min read

ТОКИО (АА) – Обилни врнежи од снег денес го нарушија секојдневниот живот во јапонската престолнина Токио и во други делови од земјата, а пријавени се и голем број повредени, пренесува Анадолу.

Железничките услуги, летовите и дистрибуцијата на електрична енергија се прекинати, а најмалку 109 лица се повредени и хоспитализирани.

Повредите, главно, се предизвикани поради паѓање на мраз, објави новинската агенција Кјодо њуз со седиште во Токио.

Обилните врнежи од снег ги зафатија и провинциите Канагава и Саидама, а стотици домаќинства останаа без електрична енергија.

Во меѓувреме Јапонската метеоролошка агенција го прекина предупредувањето за силни снежни врнежи во девет провинции, а врнежите продолжуваат во некои области.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Визер укинува голем број авиолинии во регионот

Следно

Шестмина ранети во пукотница пред судот во Истанбул, напаѓачите се елиминирани

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop