Обилни дождови во Кина: 15 мртви, илјадници евакуирани

July 5, 2023
1 min read

Потврдата за жртвите доаѓа еден ден откако метеоролошките служби предупредија за можни непогоди предизвикани од дождовите кои зафатија голем дел од центарот и југозападот на земјата, во исто време кога беа соборени температурните рекорди

Петнаесет лица загинаа во Кина, а четири се водат како исчезнати по бурните дождови во југозападниот дел на земјата, додека илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, објави во средата официјалната новинска агенција Ксинхуа.

„Како резултат на обилните дождови, 15 лица загинаа, а четворица се водат како исчезнати во Чонгкинг во југозападна Кина“,

се вели во извештајот на локалните власти, пренесе агенцијата.

Потврдата за жртвите доаѓа еден ден откако метеоролошките служби предупредија за можни непогоди предизвикани од дождовите кои зафатија голем дел од центарот и југозападот на земјата, во исто време кога беа соборени температурните рекорди.

Претседателот Си Ѓинпинг нареди „властите на сите нивоа да дадат приоритет на обезбедувањето на безбедноста на луѓето и имотот“, додаде Чајна нуз во средата.

Фото: EPA-EFE/XINHUA / Li Yuyang CHINA OUT / UK AND IRELAND OUT

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина со остри критики за новата американска продажба на оружје на Тајван

Следно

Халанд е прогласен за најдобар напаѓач во изборот на ЕСПН

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop