ОАЕ, Ирак и Оман ги осудија израелските напади врз Иран

October 26, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Ирак, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Оман ги осудија синоќешните израелски воздушни напади на иранска територија, пренесува Анадолу.

Во соопштението, Министерството за надворешни работи на Оман изрази жестока осуда на нападите, нарекувајќи ги „еклатантно кршење на (иранскиот) суверенитет“ и „јасно кршење на меѓународното право“.

Министерството предупреди дека нападите го „поттикнуваат циклусот на насилство и ги поткопуваат напорите за деескалација и решавање на кризата преку мирни и дипломатски средства“.

Оман ја повика меѓународната заедница да преземе „ефективна акција за да се запре оваа агресија“.

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), исто така, упати повик за воздржаност, нагласувајќи ја „важноста од најголема самовоздржаност и расудување за ублажување на ризиците и спречување проширување на конфликтот“.

Потврдено е дека „зајакнувањето на дијалогот, почитувањето на меѓународното право и почитувањето на суверенитетот на државите“ се од клучно значење за решавање на тековните тензии и дека споровите треба да се решаваат „преку дипломатски средства наместо со конфронтација и ескалација“.

Во Ирак, портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ахмед Ал-Авади, ја осуди „ционистичката агресија врз Иран“ и повика на итен прекин на огнот.

Ирак го повтори својот став против какви било активности кои би можеле да предизвикаат дополнителна нестабилност во регионот.

Најмалку двајца ирански војници загинаа синоќа во нападите на израелската армија врз воени објекти како одговор на големиот ирански напад со балистички ракети врз Израел на 1 октомври.

Белата куќа рече дека со нападите на Израел мора да се стави крај на директната размена на оган меѓу двете страни, предупредувајќи го Техеран на „последиците“ доколку возврати.

Иранските воени претставници претходно предупредија дека секој напад од Израел ќе биде проследен со „поостар одговор“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски во Аеродром, граѓаните добиваат канцеларија за услуги

Следно

Лазаров пред реваншот со Клаипеда: Одиме на победа и на вториот меч

Latest from Blog

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – едукација за роботско производство и индустриски технологии

Ученици од државното средно стручно училиште „Партенија Зографски“, наменето за деца со посебни образовни потреби, беа во едукативна посета на производствените капацитети на БРАКО. Станува збор за девет ученици од образовните профили

ОВАА ЖЕНА ОТВОРЕНО ГО ПОТВРДИ она што Трамп и Нетанјаху го избегнуваа со недели

Разликата меѓу целите на САД и Израел во нападот врз Иран се чувствуваше уште од самиот почеток на операцијата, почна да излегува на површина со првите израелски напади врз иранските резервоари за

Интервенција на пожарникари: Девојка паднала во провалија

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. -Станува збор за исклучително тежок

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на
Go toTop