Њукасл водеше, Челзи израмни… екстра дерби на стартот на колото

December 20, 2025
1 min read

Фантастичен дуел на стартот на денешната програма во Премиер лигата одиграа екипите на Њукасл и Челзи во пладневниот термин. Конечните 2:2 можеа да бидат сосема поинакви, односно резултатот многу лесно можеше да замине во полза на било кој од двата тима на овој меч, а задоволни се само неутралните љубители на фудбалот.
Домаќинот имаше фантастичен старт на мечот со двата гола на Ник Волтемаде, кога по дваесет минути игра поведе со 2:0.

Челзи се најде во чудо, затоа што Њукасл имаше уште по некоја ситуација, и на полувреме веќе моежеше се да биде готово. Сепак, паузата за гостите делуваше фантастично. Рис Џејмс со ретко видена убавица од слободен удар намалува на 2:1, за да Жоао Педро во 66. минута со одличен соло пробив израмни на 2:2.

До крајот домаќинот, но и гостите имаа по некоја зицер ситуација но ниту една не беше искористена за ново водство.

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Младите од Битола јасно порачаа – насилството нема место меѓу нас

Следно

Во Велес хуманитарен концерт за поддршка на лицата со попреченост

Latest from Blog

Во Абу Даби продолжуваат мировните преговори меѓу Русија и Украина

Првата рунда трилатерални разговори се одржа во средината на јануари, додека последователниот состанок закажан за минатата недела беше одложен. Се очекува украинската делегација во Обединетите Арапски Емирати повторно да биде предводена од

Без вода делови од Центар и Чаир

Поради планирани два зафати во водоводната мрежа без вода денеска ќе бидат корисниците од повеќе улици во општините Центар и Чаир. Поради уличен дефект на улица „Адам Мицкиевиќ“ бб во Општина Центар,

Барса не доволи ново изненадување и го елиминираше Албасете од Купот на Кралот

Фудбалерите на Барселона минимално победија со 1:2 во вечерашниот дуел од шпанскиот куп на кралот. По сензацијата која ја приредија домашните фудбалери во предходната рудна елиминирајќи го големиот Реал Мадрид, Албасете не
Go toTop