Њујорк тајмс почна по име да прозива непослушните украински генерали

August 29, 2023
1 min read

Се работи за генерал Олександр Сирски, чиј главен грев е што инсистира и успева на северот на земјата да повлече значителен број украински војници како би се одбранил од руските напади на Купјанск, а со тоа и на стотина километри оддалечениот Харков.

Откако Украинците имаа повеќе од два месеца да направат позначителен напредок и пробивање на југот од земјата, периодов се повеќе американски медиуми објавуваат анонимни или протечени информации од врвот на Белата куќа и Пентагон, дека неуспехот на контраофанзивата во добар дел се должи на тоа што Киев не ги следи советите и стратегиите разработени од западните сојузници. „Болката“ на Пентагон е зошто Украинците со сите свои сили не удрат на една точка на југот и да ја пробијат руската одбрана, туку се растегнати по цела должина на фронтот и непотребно се концентрирани на север.

Ставот на Украинците е дека тие можат да го издржат ваквиот тип на војување и треба трпение од сите, и дека предложеното повлекување од Купјанск е токму она што го сакаат Русите. Зеленски пред некој ден јавно порача дека немаат намера да се повлечат ниту од Харков, ниту од Донбас и дека „ниту еден аналитичар во светот не треба да помислува на такво нешто.“

Генерал Сирски изјави дека Русите веќе се прегрупираат на северот и почнале да носат нови сили од Русија, за таму да можат да напредуваат. Тајмс забележува дека „тврдењата на Сирски за пристигнување на нови руски единици не може независно да бидат потврдени.“

Украинците го освоија Купјанск минатиот септември и негова загуба би била сериозен удар за Киев. Меѓутоа дел од аналитичарите проценуваат дека Русите немаат намера да го освојуваат градот бидејќи тоа ќе им ја искомпликува позицијата во која се наоѓаат, туку е поверојатно да стигнат до реката Оскил, која го дели градот на два дела, и да ја искористат како природна бариера.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЛБ Банка ја поддржа македонската одбојкарска репрезентација, момците сакаат успех на престојното ЕП

Следно

Шестоодделенците ќе стартуваат со помошни материјали, за сите други одделенија учебниците веќе се испорачуваат, велат од МОН

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop