Њујорк тајмс: Најмалку 40 загинати во американскиот напад на Венецуела

January 4, 2026
1 min read

Најмалку 40 лица, вклучувајќи воен персонал и цивили, беа убиени во американскиот напад врз Венецуела рано наутро во саботата, според прелиминарните извештаи презентирани од висок анонимен венецуелски функционер, пишува „ Њујорк тајмс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека во нападот нема загинати американски војници, но призна дека неколку припадници на вооружените сили се повредени.


Подоцна истиот ден, на прес-конференција во Мар-а-Лаго, генералот Ден Кејн, претседател на Здружениот штаб на вооружените сили, објасни дека американските хеликоптери, кои биле на мисија за извлекување на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, биле нападнати.

Според него, еден хеликоптер бил погоден, но „останал способен за лет“, а сите американски авиони „се вратиле дома“. Набргу по нападот, почнале да пристигнуваат шокантни извештаи за цивилни жртви. Во Катија Ла Мар, сиромашна крајбрежна област западно од аеродромот во Каракас, американски воздушен напад погодил трикатна станбена зграда.


Во нападот загина 80-годишната Роза Гонзалез, потврди нејзиното семејство, додека друго лице е сериозно повредено. Владин истражител бил на местото на нападот во текот на целото попладне, разговарајќи со сведоци и собирајќи остатоци од ракети.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Три навики што треба да ги усвоите во новата година, а кои можат да ви помогнат во здравјето

Следно

Конечно малку насмевки во Фиренца!

Latest from Blog

Околу 12 танкери за нафта ја напуштија Венецуела и покрај санкциите на САД

Околу 12 танкери натоварени со венецуелска сурова нафта и гориво ги напуштија венецуелските води во „темен режим“ во последните денови, заобиколувајќи ја строгата блокада наметната од САД, според веб-страницата за следење на

Битола и регионот ја модернизираат комуналната инфраструктура

Во Битола денеска ќе бидат свечено предадени во употреба нови возила, контејнери и канти за отпад, кои Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање ги доделува на јавните комунални претпријатија
Go toTop