Њујорк се соочува со незапаметено загадување на воздухот поради шумските пожари во Канада

June 8, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Загадувањето на воздухот предизвикано од шумските пожари што беснеат во Канада со недели зафати големи делови од Северна Америка, вклучително и Њујорк, во САД, каде што се издадени предупредувања за високоризичен квалитет на воздухот за десетици милиони луѓе, јавува Анадолу.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, вчера предупреди дека чадот што се издигнува над градот е настан без преседан и ги повика њујорчани да преземат мерки на претпазливост додека ги извршуваат своите секојдневни активности.

Сите пет градски општини се под предупредување за квалитетот на воздухот. Градот ги повикува сите жители да ја ограничат изложеноста на отворено, а чувствителните категории да останат внатре.

„Ова не е ден да тренирате за маратон или да сте надвор со вашите деца. Останете внатре, затворете ги прозорците и вратите и користете прочистувачи на воздух доколку имате“, рече Адамс.

„Ако сте постари или имате проблеми со срцето или дишењето или сте повозрасни луѓе, треба да останете внатре. А доколку мора да излезете на отворено, носете висококвалитетни маски, како што се К-95“.

Училиштата сѐ уште се отворени, но сите активности на отворено се откажани.

Сликите направени од фотографите на Анадолу го прикажуваат градот покриен со портокалова магла, така што главните знаменитости, како што е Емпајер Стејт Билдинг, се едвај видливи.

Канада се бори со шумските пожари од почетокот на мај, а повеќе од 400 сѐ уште се активни, според канадските власти.

Околу 9,4 милиони хектари земја изгореа, а повеќе од 20.000 луѓе се евакуирани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски МИТ неутрализира баран терорист на ПКК во Северен Ирак

Следно

(ВИДЕО) Повредени шест деца при напад со нож во парк во Франција

Latest from Blog

Деребан е татко на три првачиња: Децата ми се најголема инспирација, богатство и благослов

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња. Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и  меѓународни односи, со положен правосуден

Берзанска сесија со 10,72 милиони денари промет – денес доминираат КБ, Тетекс и НЛБ

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека

Спалети добива нов договор од Јувентус

фото: JuventusFC (X) Според денешното издание на Газета Дело Спорт, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е многу близку до потпишување на нов договор со клубот. Истиот би бил со траење со 2027
Go toTop