НП Шар Планина го засилува мониторингот на балканскиот рис

January 13, 2026
1 min read

Националниот парк Шар Планина информира дека во текот на 2026 година ќе почне  продлабочена соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) насочена кон унапредување на постоечкиот мониторинг на балканскиот рис и популациите на дива коза на Шар Планина. Во текот на оваа година следењето и набљудувањето на овие диви животни установата ќе го прави со зголемен број видеокамери.

Благодарение на поддршката од проектот на ПОНТ, набавени се дополнителни фотозамки кои ќе бидат и понатаму користени за мониторинг на дивиот свет. Дополнително, во соработка со МЕД, се поставени фотозамки на повеќе локации низ целиот масив на Шара, со цел прибирање релевантни демографски податоци за балканскиот рис. Податоците за потврдената репродукција на рисот, женката со младенче регистрирана во 2025, ќе бидат вклучени во регионалната база на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, која од 2006 година ги евидентира сите релевантни наоди за Македонија, Албанија и Косово, информираат од Националниот парк Шар Планина.

Со оваа соработка, како што велат, дополнително се надградува системот за мониторинг кој Националниот парк континуирано го спроведува веќе трета година.

Во 2024 година ренџерска служба на националниот парк Шар Планина со камера го лоцираше рисот на локацијата Долна Лешница. На планините пред сè западниот дел од државата се проценува дека има околу 40-тина единки. Присуството на рисот овие 20-тина години се евидентира со видеокамери поставени на десетици места во националните паркови Шар Планина, Маврово, Пелистер, но и на Илинска планина, Јабланица, Галичица и заштитеното подрачје Јасен.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Бомба“ во најава: Јирген Клоп подготвен за сензационално враќање!

Следно

Владата го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во ЕСЧП

Latest from Blog

Бил Клинтон сведочи за Епштајн: Не видов и не направив ништо лошо

Во своето воведно излагање пред членовите на комисијата, Клинтон потврди дека „не видел ништо“ и дека „не направил ништо лошо“. Неговото сведочење, кое се одвива зад затворени врати во Чапаква, Њујорк, следи

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични автобуси

Министерствто за транспорт денеска објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за

ТВ 24 дојде до иницијативата со која одбраната бара ОЈО да го ревидира обвинението за „Пулс“

Јавното обвинителство да го ревидира обвинението за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани и да ја запре постапката за дел од обвинетите кои не биле на функција, бара одбраната на дел од
Go toTop