Новоматик со реакција до ТВ21: Јавната набавка е спроведена целосно транспарентно

October 4, 2024
1 min read

Новоматик со писмена реакција до ТВ21 за прилогот со наслов „Се смирија ли Новоматик и „ВЛЕН“?-Обвинија за „кражба“ на 10 милиони евра, а сега молчат“ објавен на 04 октомври 2024 година.

Почитувани,

Без никаква намера да се обидуваме да влијаеме на уредувачката политика на Вашиот ценет медиум, притоа, целосно почитувајќи ја слободата на информирањето, сакаме да Ви укажеме дека ваквите крајно тенденциозни наслови, без разлика што се свесно ставени во прашална форма за да се избегнат правни последици, директно и свесно го вмешуваат Новоматик, како светски реномиран бренд, во дневно политичкиот ринг со што ни се нанесува сериозни штети на корпоративниот имиџ.

Во врска со рамковната спогодба за набавка на видео лотариски терминали од страна на НОВО ВЛТ која во континуитет е предмет на Ваш интерес, а во последниот прилог ја дефинирате како, цитираме „кражба“, Ве упатуваме на одговорите на Вашите прашања кои уредно Ви ги испративме на 07 август 2024.

Повторуваме, посочената јавна набавка, како и сите претходни, се спроведени во целосно транспарентна постапка од отворен тип, на која секогаш може да конкурираат неограничен број на економски оператори кои се занимаваат со соодветната дејност. Земајќи предвид дека меѓу другото Новоматик е и еден од најголемите производители на апарати за игри на среќа на светско ниво, ХТЛ како нивен претставник имаше економски најповолна понуда. Средствата наменети за набавка на посочените видео лотариски терминали не се обезбедени од државниот буџет, туку беа дел од финансискиот план на НОВО ВЛТ. Поединечните цени на различните апарати за игри на среќа кои ги произведува Новоматик се утврдени во официјален ценовник за компанија со ЕУ капитал и истите не можат да бидат предмет на слободна или различна определба на ниту еден економски пазар. Согласно принципите на пазарна економија ХТЛ конкурираше и согласно Законот за јавни набавки имаше најповолна понуда за набавка на видео лотариски терминали изработени според најмодерна технологија. Уште еднаш Ве охрабруваме со истата посветеност да истражите како се набавени видео лотариските терминали на Државна Видеолотарија на Македонија.

Конечно, тоа што ХТЛ истовремено е малцински содружник на Државна Лотарија во НОВО ВЛТ, не значи дека по автоматизам треба да се доведува во прашање законитоста и конкурентноста на спроведената постапка за јавни набавки. Особено што за начинот и околностите под кои е склучена конкретната рамковна спогодба, по службена должност е веќе извршен управен надзор од страна на Бирото за јавни набавки каде НЕ се констатирани никакви забелешки и неправилности, што е дополнителен аргумент за целосната законитост на спроведената јавна набавка.

Групацијата Новоматик Македонија веќе 18 години е присутна на македонскиот пазар. Досега вработуваме 3 илјади македонски државјани и имаме реализирани инвестиции во Северна Македонија во вредност од околу 160 милиони евра. Оттука, ХТЛ или било која друга компанија од Групацијата Новоматик Македонија, кои претставуваат капитал од земја членка на ЕУ, нема да дозволат со суптилни медиумски инсинуации да бидат ставени во било каков контекст со пресметките меѓу политичките партии, бидејќи нашиот деловно работење е исклучиво согласно позитивните законски прописи.

Со почит,

ХТЛ Македонија

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Употребата на паметни телефони треба да се контролира како цигарите

Следно

Мицкоски: Се подготвуваме за многу нови проекти, нови инвестиции и нови мерки кои ќе донесат позитивни промени

Latest from Blog

Се урна хеликоптер на Килиманџаро, загинаа пет лица, меѓу нив двајца Чеси

Хеликоптер се урна на планината Килиманџаро во Танзанија, при што загинаа пет лица , соопшти денес цивилната воздухопловна управа, додека локалните медиуми објавија дека леталото било на мисија за медицинско спасување. Водич

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати Божикна честитка до поглаварот на Албанска православна црква и до сите верници

По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до поглаварот на Албанска православна црква неговото блаженство г.г.Јоан, архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија и до сите верници кои го прославуваат

Од Челзи зимава си заминуваат шестмина фудбалери

Екипата на Челси планира да направи мини чистка во соблекувалната зимава, откако менаџментот процени дека неколкумина играч реално се вишок во моментов во тимот. Менаџерот Енцо Мареска и летоска се соочи со

Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција

Апелацискиот суд во белгискиот град Антверпен му изрече парична казна од 25.000 евра на еден адвокат поради „злоупотреба на постапката со неправилна употреба на вештачката интелигенција“. Во образложението на пресудата се наведува
Go toTop