Новогодишна ноќ на Токсикологија: Најмладиот пациент 14 години, најстариот 38

January 1, 2025
1 min read

На Токсикологија за време на новогодишната ноќ се примени помалку пациенти споредено со претходните години. Директорот на клиниката, д-р Андон Чибишев, информира дека вкупно 22 пациенти побарале медицинска помош.

„Од 22 прегледани пациенти, 18 се со акутни труења од алкохол. Четири од нив се жени, а 14 мажи. Сите пациенти се пуштени на домашно лекување,“ изјави Чибишев.

Тој истакна и детали за возраста на пациентите:

„Најмладата пациентка меѓу жените има 17 години, додека најстарата е на 26 години. Кај мажите, најмладиот пациент има 14 години, а најстариот е 38 години,“ додаде директорот.

Меѓу пријавените случаи има и пациент кој измешал алкохол со таблети, што дополнително го усложнило неговиот случај.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цената на струјата од денеска е поскапа за 0,92 проценти, дневната ефтина тарифа останува

Следно

Тринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop