Ново законско решение за поефикасна контрола на индустриското загадување

September 12, 2025
1 min read

Собранието денеска го усвои Законот за контрола на индустриски емисии, со кој индустриските капацитети во земјава ќе мора да работат според најдобрите достапни техники (НДТ), како дел од усогласувањето со европските еколошки стандарди.

Со законот се воведуваат построги услови за работа, намалување на дозволените емисии, како и задолжителен мониторинг на загадувањето преку акредитирани лаборатории.

Законот ќе значи почист воздух, вода и почва, помало создавање отпад и подобра заштита на здравјето.

Клучни придобивки од законот:

– Почиста животна средина и подобро здравје за граѓаните
– Обврзувачки еколошки стандарди за индустријата
– Јасен принцип „загадувачот плаќа“
– Транспарентност и вклучување на јавноста во процесите
– Ефикасна инспекциска контрола и санкции за непочитување

Законот е подготвен со поддршка од Европската Унија и претставува значаен чекор кон подобро управување со индустриското загадување и приближување до европските еколошки политики.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кадриу од ВЛЕН до Османи: Кој го профитираше тендерот на МНР?

Следно

Жителите на Голо Брдо повикуваат на итна инфраструктурна интервенција од државата

Latest from Blog

Промет од 30,68 милиони денари на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 05.10.2026–09.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 30.677.124,16 денари: 30.179.194 денари со акции и 497.930,16 денари со обврзници на

Трамп бесен, носи радикална одлука: „Ќе ги парализираме“

Одлуката уследи само неколку часа откако поранешната судијка на МКС, Нави Пилај, ја доби Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Трамп претходно веќе имаше воведено санкции против обвинителите и судиите на МКС,

Поранешен тренер на Барселона: „Не бев свој таму, но го тренирав Лионел Меси“

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, призна дека периодот на „Камп Ноу“ бил еден од најтешките во неговата професионална кариера. Во интервју тој откри дека не успеал да го покаже вистинскиот карактер
Go toTop