Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче, ќе се изведуваат дополнителни докази

May 16, 2025
1 min read

Денеска во Основен кривичен суд продолжува судењето за грозоморните убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. На денешното рочиште се очекува да заврши доказната постапка и да се почне со дополнение.

На минатото рочиште заврши сведочењето на првообвинетиот Љупчо Палевски. Тој негираше насилни кривични дела, изјавувајќи дека мотивот за убиството е нелогичен и недокажан.

Судот информираше дека прифаќа да се прибави видеозапис од експозитурата на Халк Банка на 27 ноември 2023 година од 9 до 12 часот. Не се прифати барањето да се повикаат како сведоци двата вештаци кои ја вештачеле чаурата, затоа што барањето не било доставено на време.

Во текот на распитот, Палевски негираше вина и изрази уверување дека целиот процес е политички прогон против него.

Претходно пред Палевски свои искази дадоа таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и останатите осомничени Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Белград се отвора Македонскиот КИЦ

Следно

Израел уби над 100 Палестинци во нападите врз Газа

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop