Новиот моментум за стратешкото партнерство меѓу Европската Унија и Западен Балкан-тема на денешниот Самит

December 18, 2024
1 min read

Состанокот ќе послужи како можност за продолжување на новиот моментум за стратешкото партнерство меѓу Европската Унија и Западен Балкан, вклучително и размислување за тоа како да се продлабочи тоа партнерство и заедно да се оди напред кон заедничка иднина во Европската унија.

Главните теми на разговор ќе бидат, унапредување на интеграцијата ЕУ-Западен Балкан преку планот за раст, продлабочување на политички ангажман на ЕУ со Западен Балкан во повеќе области, вклучително и надворешната и безбедносната политика.
Градењето на економска основа за иднината и ублажување на влијанието на руската агресивна војна против Украина ќе биде една од темите како и соработка во управувањето со миграцијата и секако борбата против корупцијата и организираниот криминал.
За време на вечерата, лидерите ќе разговараат и за геополитичкиот контекст и предизвиците што ги засегаат двата региона.

Со самитот ќе претседава претседателот Антонио Коста, за прв пат во неговото ново својство на претседател на Европскиот совет.

На крајот на самитот се очекува да биде објавена декларација.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајрами ангажираше адвокат, полномошното го добил преку роднина

Следно

Силни емоции и воодушевување: Успешна премиера на „Замисли нов свет” според текстови на Горан Стефановски

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop