Нови земјотреси регистрирани во морскиот дел во близина на грчкиот остров Санторини

February 5, 2025
1 min read

Во текот на ноќта во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос повторно беа регистрирани низа земјотреси, од кои четири со јачина од над четири степени, додека во текот на денот ќе се одржи нов состанок со учество на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за процена на ситуацијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ утрово објасни дека постојат две сценарија за сеизмичката активноста, едното, позитивно сценарио е да се случи земјотрес со јачина од 5,5 степени без посериозни штети и „во овој случај, ситуацијата постепено ќе деескалира“

Второто, екстремното сценарио, според Лекас предвидува земјотрес од 6-6,2 степени и „доколку се случи тоа, сигурно ќе имаме одредени последици и затоа се преземени сите неопходни оперативни мерки“.

Дополнително оцени дека големиот расед кај островот Аморгос, што го предизвика земјотресот од 7,7 степени во 1956 година, „не е активиран“.

– На овој расед му се потребни илјадници години за да се надополни со енергија. Поминаа само 70 години од претходниот земјотрес, така што невозможно е да се активира, изјави професорот за ЕРТ.

Интердисциплинарниот комитет за управување со опасности и кризи при Националниот универзитет во Атина вчера соопшти дека од јуни во во близина на Санторини биле регистрирани над 2.500 земјотреси.

Според процените во Грција, во изминатите денови, поради земјотресите островот го напуштиле над 10.000 лица, а пред сè станува збор за работници кои на Санторини се во пресрет на новата туристичка сезона, но и локално население.

Утрово се очекува да одржат состанок надлежните комисии во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, додека за 13 часот е закажан нов состанок за сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос на кој ќе присуствува и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Од понеделникот училиштата на Санторини и соседните острови Иос, Аморгос и Анафи се затворени до крајот на седмицава, а до граѓаните постојат препораки да избегнуваат големи собири во внатрешноста на објектите; да избегнуваат пристап во напуштени објекти; да избегнуваат пристап и престој во пристаништа Амуди, Армени, Крфос и старото пристаниште во Фира; да ги отстранат опасните непотребни предмети на објектите и да ја испразнат водата од базените; да изберат безбедни рути при движењето по градските и локалните патни мрежа, поради опасност од појава на одрони и итно да се евакуираат крајбрежните области во случај на силен земјотрес.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи: Сирија нема планови за федерација и автономни региони

Следно

Османи во посета на Вашингтон

Latest from Blog

Димитриеска – Кочоска најавува поддршка за инвестиции со висока додадена вредност

Министерката за финансии, Годана Димитриеска – Кочоска, истакна дека државната помош мора да биде внимателно дизајнирана и насочена кон создавање реална економска вредност, наместо да претставува товар за јавните финансии. „Државната помош

РСС одбележа 18 години: Од градење соработка кон стратешка регионална акција

Совет за регионална соработка (РСС) го одбележа 18-годишнината од своето основање со прием во Сараево, нагласувајќи го преминот од градење соработка кон спроведување стратешки регионални активности во сè понеизвесна меѓународна средина. На

Коњановски: Над 18 милиони денари за подобри услови во зоолошката градина во Битола

Битолската Зоолошка градина денеска организираше презентација на Националната Стратегија за Зоолошки градини. Експрети, претставници од релевантни институции, градоначалникот на Битола, претседателот на Советот, советници и други гости беа дел од оваа презентација
Go toTop