Нови израелски напади врз Либан: Бомбардирани многу објекти во регионот Дахиех

September 27, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Бројни експлозии се слушнаа во Бејрут, главниот град на Либан, веднаш по обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН) во Њујорк, известува Анадолу.

По десетина експлозии густ чад се издига од јужниот дел на Бејрут.

Како што јави либанската новинска агенција NNA, цел на воздушните напади бил квартот Хурејк во регионот Дахиех, јужно од Бејрут.

Се додава дека израелските воени авиони бомбардирале многу објекти во регионот Дахиех.

На местото на нападот се испратени амбулантни возила и тимови за цивилна одбрана.

Министерството за здравје на Либан објави дека најмалку 2 лица се убиени, а 76 се ранети во израелското бомбардирање на јужното предградие на Бејрут.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари објави дека авионите го нападнале штабот на Хезболах во регионот Дахиех, во јужниот дел на Бејрут.

Израелските медиуми јавуваат дека цел на израелската армија бил генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насралах.

Според израелското армиско радио, армијата истражува дали Насралах бил присутен на локацијата што ја бомбардирале израелските авиони, додавајќи дека во нападот биле користени „бункер-бомби“, наменети за уништување бункери и подземни простории.

Телевизијата Ал Манар, која е блиска до Хезболах, објави дека во нападот биле уништени четири згради.

Израелската телевизија Канал 13 објави дека официјален Тел Авив го известил Вашингтон дека ќе го нападне бејрутскиот кварт Дахиех.

Израелската армија, која од 8 октомври минатата година ги продолжува контролираните судири со Хезболах, од 23 септември изврши стотици воздушни напади врз градовите на југот на Либан, како и врз регионите Бека и Баалбек.

Според либанските власти, 773 лица се убиени во воздушните напади, додека речиси 150.000 се раселени бегајќи од бомбардирањата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Тошковски на меѓувладина седница: Разговаравме за интензивирање на напорите во борбата против криминалот и корупцијата

Следно

Младинскиот репрезентативец Ќириловски нов кошаркар на Игокеа

Latest from Blog

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

Денеска, Прилеп со гордост и достоинство одбележа 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров – еден од најзначајните македонски револуционери, идеолози и визионери на македонското ослободително дело. Како град кој ја негува

Алкалоид и Комерцијална банка најтргувани – МБИ10 со раст од 0,71%

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија

Мицкоски: Интерконекцијата Битола–Елбасан отвора нови можности за економијата

Премиерот Христијан Мицкоски денес на поставување камен-темелник на 400 киловати далекувод од ТС „Битола 2” на македонско-албанската граница истакна дека со овој проект Македонија за првпат станува целосно поврзана со сите соседни

Димовски: ТИРЗ бележи напредок од 85% во примената на системот за интегритет

Дирекцијата за ТИРЗ за 2025 година е оценета со највисоко ниво „многу добро“ според најновиот извештај на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), со 85% усогласеност на системот за интегритет. Со ова,

Проданоски најавува крај на неодговорното работење во јавните претпријатија во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека времето на неодговорност во локалната самоуправа и јавните претпријатија завршува. „Подготвени сме да се соочиме со секој предизвик, без разлика колку е тежок, бидејќи
Go toTop