Нови детали за трагичниот пожар во Кранс-Монтана: Сопственичката наводно избегала со касата, телата вратени без обдукција!

January 8, 2026
2 mins read

Се појавија нови информации за трагичниот пожар што се случи во новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Le Constellation“ во швајцарската Кранс-Монтана, во кој животот го загубија 40 лица, претежно млади, а над 100 беа повредени. Според италијанскиот весник Repubblica, надзорните камери наводно ја снимиле сопственичката на клубот, Џесика Морети, како го напушта запалениот објект носејќи ја касата со пари во рацете.

Сведоци изјавиле дека Морети избегала со касата цврсто стегната, додека гостите биле зафатени од пламенот. Поради тоа, полицијата детално ги анализира сите достапни видеоснимки, вклучително и оние од надзорните камери што го покривале влезот во клубот.


Контрастни сцени на снимките

Според досегашните сознанија, во моментот на избувнување на пожарот, Морети била во клубот со својот син од првиот брак, кој воедно бил и раководител на персоналот. Таа претрпела полесни изгореници на раката, додека нејзиниот сопруг и сосопственик на клубот, Жак Морети, се наоѓал во друг локал.

Уличните камери, наводно, прикажуваат драматично различно однесување на мајката и синот. Додека младиот човек се обидувал од внатрешноста да ги скрши плексигласните панели на верандата за да ослободи заглавени гости, Морети, според снимките, излегла на улица со касата во рацете.


Доколку се потврди автентичноста на снимките, овој детал би можел значително да ја влоши правната положба на сопственичката. Таа и нејзиниот сопруг се товарат за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар, а сега се разгледува и можноста за дополнително обвинение за непр у ж ање помош.

Можно заострување на обвинението

Јавната обвинителка Беатрис Пилу разгледува и можност обвинението да се заостри во правец на евентуален умисол. Според истрагата, постојат повеќе индиции дека сопствениците биле свесни за сериозните ризици за гостите: лесно запаливи материјали на таванот, затворени излези за итни случаи, како и целосен недостиг на противпожарен систем и апарати за гаснење.


Истрагата се проширува и на постари видеоснимки. Полицијата ги анализира клучните минути помеѓу избувнувањето на пожарот и катастрофалната огнена стихија што однесе 40 животи и остави 116 повредени. Според Il Messaggero, анализата би можела да доведе до промена на обвинението од небрежност во намерно доведување во опасност.

Посебно внимание е посветено на снимка од дочекот на Новата 2020 година, на која се гледа како шишиња со прскалки се насочуваат кон звучно изолиран спуштен таван, додека член на персоналот двапати предупредува: „Внимавајте на пената“. Според обвинителството, ова може да биде клучен доказ дека сопствениците биле свесни за опасноста. Друга снимка, направена ноќта на трагедијата, прикажува келнерка со црна кацига како, качена на рамениците на младо момче, насочува прскалка кон таванот, по што избувнува пламен.

Персоналот без реакција

На ниту една од досега прегледаните снимки не се гледа дека персоналот презел мерки за гаснење на пожарот, вклучување светла, исклучување музика или насочување на гостите кон излезите. Не биле отворени ниту задните врати за олеснување на евакуацијата. Во паниката, голем број млади лица загинале или се здобиле со тешки изгореници откако паднале и биле прегазени во стампедо, вдишувајќи густ и жежок чад. Стручњаците сега утврдуваат колку животи можеле да бидат спасени доколку реакцијата била навремена.

Под истрага за непр у ж ање помош се и обезбедувачите на клубот, а се анализираат и снимки од други ресторани во сопственост на семејството Морети.

Контроверзии околу обдукциите

Дополнителна мистерија во истрагата е фактот што телата на жртвите биле вратени на семејствата без извршена обдукција и без наведена причина за смртта. Ова предизвика револт кај семејствата, меѓу кои и семејството на Емануеле Галепини, еден од шестемина италијански млади луѓе загинати во пожарот.

Адвокатот Себастијан Фанти изјави дека „нешто сериозно не функционирало во примената на процедурата“ и дека е недозволиво телата да бидат вратени без официјална потврда за причината за смрт. Поради тоа, можно е отворање истрага и во Рим, како и спроведување обдукции во Италија.

Правна и дипломатска битка

Со оглед на бројот на италијански жртви, адвокатите сметаат дека треба да се разгледа можноста за кривична постапка и во Италија, иако италијанското правосудство има ограничени надлежности за дела извршени во странство. Во наредните денови, италијанскиот амбасадор во Швајцарија, Џан Лоренцо Корнадо, ќе се сретне со властите на кантонот Вале во Сион, со цел да добие подетални информации за текот на истрагата.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во првите десет месеци лани увезени 566,6 тони кафе, најмногу од Бразил, Италија и Косово

Следно

(ФОТО) Мицкоски од Гевгелија: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Сончогледи“

Latest from Blog

„СИЛЕН И МОЌЕН ЛИДЕР!“ – Трамп со поддршка за Виктор Орбан

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му искажа поддршка на унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април, истакнувајќи дека се радува на продолжувањето на блиската

ВЛЕН: По 25 години политички манипулации, правичната застапеност добива закон

„Албанците не се алатки, туку се закон. 25 години, правичната и соодветната застапеност се користеше за политика. За неа се зборуваше, ветуваше, измамуваше, крадеше и корумпираше.. Но, кога стануваше збор за решение,

Скандал во кој е вмешан и Португалецот: Шокантни обвинувања во С.Арабија и тоа поради Роналдо!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN Дали Ал Наср, поради Кристијано Роналдо, мора по секоја цена да биде првак во С.Арабија. Имено шампионатот во таа земја влегува во својата завршна фаза и сè уште неизвесен. На шест

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 06–09.04 со 114,01 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 06.04.2026 – 09.04.2026, на Македонска берза беа реализирани 459 трансакции со вкупен промет од 114.007.808 денари
Go toTop