Нови детали за децата од „куќата на ужасот“ во Брчко, некои се родени во Рим и во Барселона

March 14, 2025
1 min read

На прес-конференција во Брчко, вршителот на должноста јавен обвинител Радмило Ивановиќ изнесе нови информации за случајот со 31 дете пронајдено во една куќа, за кои постои сомнеж дека се жртви на трговија со луѓе. Според него, досега е утврден идентитетот на 19 деца, додека за 12 сè уште нема сигурни податоци.

„За 14 деца идентификацијата е направена врз основа на лични документи, а за пет преку изјави на други деца. Сепак, кај 12 не можеме со сигурност да го потврдиме идентитетот, иако ги знаеме нивните имиња и презимиња“, изјави Ивановиќ.

Меѓу пронајдените деца има 23 девојчиња и осум момчиња, а за 18 од нив е познато местото на раѓање. Шест се родени во Рим, пет во Хрватска (едно во Ријека), две во Барселона, едно во Ница, а две во БиХ.

Познати се и адресите на живеење за 14 деца – шест се пријавени во Мостар, три во Загреб, две во Тузла, две во Брчко и едно во Ријека.

Сомнежи за злоупотреба

На прашањето дали децата биле злоставувани, обвинителот потврди дека постојат сериозни сомнежи, поради што две лица се во притвор.

„За да се одреди притвор, мора да постои основано сомнение. Судот утврди дека има доволно докази за запоставување и злоупотреба на деца“, изјави Ивановиќ.

Во моментот, децата се згрижени во хотел, но ова не е трајно решение.

„Црвениот крст, Центарот за социјална работа и волонтери активно се вклучени во грижата за нив. Неколку безбедни куќи понудија сместување, но капацитетите се ограничени. Бидејќи некои од децата се во роднинска врска, важно е да бидат заедно. Работиме на изнаоѓање долгорочно решение“, додаде обвинителот.

Случајот откриен по бегството на едно девојче

Полицијата на 25 февруари откри 31 дете на возраст до 12 години во куќа во населбата Ивици. Истрагата започна откако 12-годишно девојче избегало и побарало помош од случајна минувачка, која веднаш ги алармирала надлежните институции.

Во врска со случајот, досега се уапсени осум лица – тројца на 25 февруари, а уште пет еден ден подоцна. Истражните органи продолжуваат со испитување на можната трговија со луѓе, злоупотребите и потеклото на децата, пренесува Bljesak.info.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перински во Ѓорче Петров: Инвестициите во патната инфраструктура значат надминување на сообраќајните предизвици во сите единици на локалната самоуправа

Следно

НАГРАДАТА РОМАН НА ГОДИНАТА ЗА „СВЕТОТ ШТО ГО ИЗБРАВ“ НА КАЛИНА МАЛЕСКА

Latest from Blog

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар
Go toTop