Нови апсења во Турција: Функционери на Галатасарај и Ејупспор зад решетки

December 26, 2025
1 min read

Нема крај на операцијата за сузбивање на нелегалното обложување во турксиот фудбал. Медиумите од таму јавуваат дека последно се уапсени уште 29 лица во рамките на големата истрага односно афера за нелегално обложување. А во неа се наоѓаат ни помалку ни повеќе туку некогашниот потпрецедател на Галатасарај, Ерден Тимур, како и потпретседателот на Ејупспор, Фатих Кулаксиз и директор на Турската фудбалска федерација (ТФФ).

Обвинителот кој што ја води истрагата изјави дека е дојдено до нови докази и изјави на лица кои биле инволвирани и кои биле сосптвеници на обложувалници, легални, нелегални, како и од запленетите телефони, лап топ компјутери, и конечно од истрагата на финансиските институции.

Истражителите утврдија врски меѓу притворените и друг осомничен кој веќе е во притвор. Анализата откри сомнителни финансиски трансакции и специфични облози направени со цел манипулирање на фудбалскиот натпревар меѓу Касимпаша и Самсунспор, одигран на 26 октомври 2024 година.

Според официјалното соопштение, обвинувањата се насочени кон неколку групи поединци:

  • Седум лица поврзани со лице кое веќе е уапсено во случајот вршеле сомнителни финансиски трансакции.
  • Шест лица се обложиле на натпреварот Касимпаша-Самсунспор со цел да влијаат на конечниот резултат.
  • Четиринаесет фудбалери се обложуваат против своите тимови, што е грубо кршење на спортските принципи.

Ерден Тимур, поранешен извршен директор на Галатасарај, е под истрага за сомнителни финансиски трансакции кои прекршуваат неколку турски закони, вклучително и оние за спречување насилство и неред во спортот.

Операцијата беше спроведена истовремено во 11 провинции со центар во Истанбул. Меѓу уапсените е и директорот за надворешни односи и младински репрезентации на Турската фудбалска федерација (ТФФ), Бугра Џем Имамоглу.

Списокот на уапсени фудбалери и фудбалски работници е следен:

Фудбалерите: Бахатин Берке Демирџан, Догукан Чинар, Ерѓун Назли, Ејуп Џан Темиз, Фуркан Демир, Ѓокхан Пајал, Хамит Бајрактар, Хусеин Ајбарс Туфекчи, Ибрахим Јилмаз, Илке Танкулеш, Илке Танкулешка.

Фудбалски работници: Ерден Тимур (поранешен потпретседател на Галатасарај), Фиген Јозкаја, Емрах Гунаида (поранешен полицаец), Бурак Сојлен (бизнисмен), Фатих Кулаксиз (потпретседател на Ејупспор), Еџем Алкас, Есат Биљак, Мирза Шерифоглу, Хакан Чакар, Серхат Ј.Ф.Ф. директор), Бурџу Курт.

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руте: ЕУ не треба да стане целосно независна од САД во одбраната

Следно

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра

Latest from Blog

30 СЕНЗОРИ ЈА СЛЕДАТ ПЛАНИНАТА ХОХФОГЕЛ: Се подготвува ли масивно одронување?

Научниците предупредуваат на можноста од масивно одронување на карпи на планината Хохфогел (дел од Алпите), која се издига на надморска височина од 2.592 метри, на границата меѓу Германија и Австрија. Пукнатината што

Бакарот станува стратешки ресурс – може ли Македонија да го претвори својот минерален потенцијал во економска можност?

Бакарот добива сè поголемо значење на глобалните пазари, додека аналитичарите предупредуваат на можен недостиг од 2027 година. Според UBS Group, дефицитот на металот следната година би можел да достигне 379.000 тони, во

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од  партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина
Go toTop