Новата сезона во МОТО ГП започна со победа на Марк Маркез

March 2, 2025
1 min read

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез (Дукати) е победник на првата трка од сезоната на Светскиот шампионат во Мото ГП која денеска се возеше во тајландски Бурирам.

Второто место на Големата награда на Тајланд го освои неговиот брат Алекс Маркез (Гресини Дукати), а третото место Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати).

Осумкратниот светски шампион Марк Маркез претходно победи на саботната спринтерска трка и исто така беше најдобар во квалификациите.

Совршениот викенд го заокружи со убедлива победа во класичната трка, докажувајќи со исклучителниот тркачки викенд дека на неговите конкуренти ќе им биде многу тешко во новата сезона пред која се пресели од Гресини, „сателитскиот“ тим на Дукати, во Дукати.

Марк Маркез во Бурирам ја прослави 63 победа во премиер класата, а вкупно 89 во кариерата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велика Британија ја предводи „коалиција на подготвени“ за мир во Украина

Следно

На скопскиот аеродром слета првиот авион на Трансавија од Амстердам

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop