Новата австриска Влада стапи на должност пет месеци по изборите

March 3, 2025
1 min read

ВИЕНА (АА) – Трипартиската коалициска Влада на Австрија денес положи заклетва, ставајќи крај на петмесечниот политички ќор-сокак, јавува Анадолу.

Новата коалиција, формирана од десноцентристичката Австриска народна партија (ОВП), Социјалдемократската партија (СПО) и либералната НЕОС, беше објавена минатата недела.

Лидерот на ОВП, Кристијан Штокер, положи заклетва како канцелар заедно со новите владини министри и државни секретари на земјата во претседателската палата во Виена.

„Добрите работи доаѓаат кај оние што чекаат“, рече претседателот Александар ван дер Белен за време на церемонијата, заблагодарувајќи им се на страните за преговорите.

Тој додаде дека земјата очекува акција, а не само зборови од новата Влада.

Во новиот Кабинет има девет члена од партијата од десниот центар ОВП, девет од СПО и тројца од НЕОС.

Коалицискиот договор доаѓа по победата на крајно десничарската Партија на слободата на изборите во септември минатата година, кога освои најмногу гласови, но не успеа да обезбеди мнозинство.

Со само 29 отсто од гласовите, партијата се обиде да формира влада со ОВП, но разговорите пропаднаа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апелација му ја намали казната на Боки 13!

Следно

Гвардиола: Топката во ФА Купот е проблематична, тоа го кажувам со години

Latest from Blog

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth

Хачико – Битола: Кучињата инволвирани во нападот врз дете не се бездомни туку се од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Хачико Битола: Случајот со каснатото дете се однесува на кучиња од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е
Go toTop