Новак Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години

January 9, 2025
1 min read

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откри дека го хранеле со токсична храна за време на неговото апсење на Австралија Опен во 2022 година.

– Кога се вратив дома, почнав да имам здравствени проблеми. Сфатив дека во тој хотел во Мелбурн ме хранеле со храна која ме отрула. Направив некои откритија кога се вратив во Србија. Никогаш никому не го кажав ова јавно, но открив дека во телото имам многу високи нивоа на тешки метали. Имав олово, многу високи нивоа на олово и жива, ги цитира „GQ“ зборовите на Ѓоковиќ.

Поранешниот прв свестки рекет додаде дека се чувствувал како да има грип. Но, по неколку дена од овој едноставен грип, толку му се слошило што морал да биде лекуван дома од екипа на брза помош. Ова се повторило неколку пати, а потоа морал да направи токсиколошки тестови.

Ѓоковиќ вели дека е трауматизиран од неговото депортирање од Австралија во 2022 година.

На почетокот на јануари 2022 година, тој пристигна во Мелбурн за да учествува на Австралија Опен. Меѓутоа, австралиските власти го приведоа поради проблеми со документите за медицинско ослободување од задолжителна вакцинација, му ја откажаа визата и го испратија во карантин. На 10 јануари, судот во Мелбурн ја усвои жалбата на спортистот и нареди негово ослободување и враќање на неговите документи. Но, подоцна министерот за имиграција Алекс Хок повторно му ја откажа визата на Србинот. Федералниот суд на Австралија отфрли уште една жалба против укинувањето на визата на Ѓоковиќ на 16 јануари и му нареди да ја напушти земјата. Следниот ден, 17 јануари, тенисерот се врати во Србија.

Триесет и седумгодишниот Србин е 10-кратен шампион на Австралија опен. Отвореното првенство на Австралија во 2025 година ќе се одржи од 12 до 26 јануари во спортскиот комплекс „Мелбурн Парк“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претставничкиот дом на САД го усвои законот за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд

Следно

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето до среда (Фото)

Latest from Blog

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Додека институциите често покажуваат недоволна иницијатива и слаб одговор на проблемите, јавниот дискурс во земјата станува сè повеќе изложен на родови дезинформации кои ја потценуваат сериозноста на насилството врз жените, ги замаглуваат

Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Оваа година се очекува да започнат работите на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, една од најпроблематичните сообраќајни артерии во Скопје, каде секојдневно се забележува хаос. Проектот доби зелено светло во Советот на
Go toTop