Новак Ѓоковиќ и неделата кога Австралија се мрдна од умот

January 10, 2023
2 mins read

Пред два дена, Новак Ѓоковиќ го освои Adelaide International, турнирот што е загревање за Австралиа опен, кој почнува идната недела. Победата има особена симболика затоа што лани, тенисерот се најде во центарот на хистеричната политичка бура во Австралија. Тој слета во Австралија, но наместо да тренира, беше затворен во грозен хотел за имигранти. Потоа беше депортиран од страна на австралиските власти и воопшто не доби можност да се натпреварува. 

Заплетот почна на почетокот на јануари 2022-ра. Да се биде вакциниран против Ковид тогаш беше услов за влез во Австралија, па така и за учество на Австралиа опен. Но, затоа што Ѓоковиќ скоро имаше прележано ковид, и имаше антитела во организмот, доби медицинска дозвола за влез. Потоа имаше проблеми со визата при слетувањето во Мелбурн, а влезот му беше одбиен врз основа на тоа што не е вакциниран. Го преместија во хотел за мигранти. Набрзо, по интервенција на тогашниот министер за имиграција на Австралија, Алекс Хок, Ѓоковиќ е депортиран и спречен да игра.

Набрзо стана јасно дека причината за ваквиот третман на Ѓоковиќ не е толку грижата за јавното здравје колку неговите лични убедувања. 

Според Хок, одлуката на Ѓоковиќ да не прими вакцина го прави “херој на заедницата што гаи антиваксерски чувства“. Во документите поднесени до австралиските судови, Хок тврди дека останувањето на Ѓоковиќ во Австралија и дозволувањето да се натпреварува на турнирот, би довело до „зголемување на анти-ваксерското расположение во земјата“, па дури и “граѓански немири“. Исто така, во документите се признава дека поради неодамна прележаниот ковид, тој не претставува голем ризик за себе и за тие околу себе. 

Не морате да се согласувате со неговата одлука да не прими вакцина – тој има чудни ставови во врска со низа здравствени проблеми – но очигледен е проблемот во целата ситуација. Одговорот на австралискиот политички и медиумски естаблишмент беше ирационален, авторитарен и претеран. Во еден момент, тогашниот премиер Скот Морисон се закани дека ќе го спакува Ѓоковиќ во првиот авион и ќе го прати дома. И покрај тоа што Ѓоковиќ даде само неколку коментари околу вакцинацијата, во медиумите беше претставен како предводник на анти-ваксерите. Речено е дека и самото негово присуство на тлото на Австралија има коруптивно влијание врз јавноста. Душебрижниците кампуваа пред хотелот во кој беше приморан да остане, сметајќи го тоа за праведна казна за тоа што тој одбива да се вакцинира. Ѓоковиќ испадна жртвено јагне за сиот бес собран во двете години под строги рестрикции поради ковид. 

За среќа, Австралија оттогаш ги укина своите ограничувања. Во јули 2022-та ја укина задолжителната вакцинација за посетители. Официјалната забрана за влез на Ѓоковиќ е укината во ноември. И, минатиот месец тој пристигна во Австралија, без никаков проблем. Се чини спласна хистеријата со која беше дочекан пред година дена. 

Враќањето на Ѓоковиќ на Австралија опен е добра вест. Но, неговата минатогодишна забрана за влез во Австралија направи сериозна штета. До тој момент, тој петпати го имаше освоено турнирот, вклучително неговите последни три изданија. Тој беше оневозможен да се бори за четврта титула по ред. Во отсуство на Ѓоковиќ, минатогодишната титула ја однесе неговиот голем ривал, вториот тенисер на светот, Шпанецот Рафаел Надал. Моментално, Надал го држи рекордот по бројот на гренд-слем титули, а Ѓоковиќ заостанува за само еден трофеј. Контроверзната забрана за настап на Ѓоковиќ можеби ја промени тениската историја. 

Неговото враќање во Австралија и враќањето на Западот во нормалните текови од пред ковид се добредојдени. Но, тоа не би требало да биде причина за задоволство самото по себе. Постои опасност тој период на хистерија и авторитарност тивко да отиде во заборав. Не би требало да биде така. Ако тоа се случи, ризикуваме да повториме многу исти грешки, кога нова криза ќе ни затропа на врата. 

Лори Востел, 
Спајкд

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бентли постигна рекордна продажба

Следно

Кулеба: На Путин му останува само една опција, но тој одбива да ја прифати

Latest from Blog

САД и Украина потпишаа меморандум за договор за минерали

КИЕВ (АА) – Украина и САД вчера потпишаа меморандум што ги поставува темелите за идно економско партнерство и соработка во развојот на минерали, изјави украинската министерка за економија, Јулија Свириденко, јавува Анадолу.

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје – неколку булевари затворени!

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Деновиве во Музејот на Град Скопје во тек е изложбата „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950“ која претставува дел од колекцијата на Влатко Милошевски. Меѓу многуте уметнички и историски интересни дела, внимание

ВИДЕО Возачот кој влечеше коњ низ Скопје е идентификуван – случајот пријавен кај јавен обвинител

Министерството за внатрешни работи информираше дека е идентификуван возачот кој вчера беше снимен како со патничко возило влече врзан коњ низ скопските улици. Станува збор за автомобил марка „Голф“ со скопски регистарски
Go toTop