Нова престрелка во САД: Четири лица загинаа, а уште четворица се повредени

July 4, 2023
1 min read

Медиумите објавија дека пукањето во југозападниот дел на Филаделфија, во Кингсесинг, се случило еден ден откако две лица беа убиени, а 28 беа повредени за време на маалска забава во градот Балтимор, Мериленд

Четири лица загинаа, а четворица се повредени во престрелка во Филаделфија, а напаѓачот е уапсен, објавија локалните медиуми во понеделникот вечерта, повикувајќи се на полицијата. Портпаролот на полицискиот оддел во Филаделфија потврди за Ројтерс дека има „повеќе жртви од огнено оружје“, но рече дека засега нема дополнителни детали.

Непосредно пред 21 часот во понеделникот, 10 минути откако истрелите одекнаа низ градот, полицијата извести за апсење на осомничен маж кој носел балистички елек, додавајќи дека пронашла пушка и пиштол во блиската улица, пишува „Филаделфија Инквајер“.

Според медиумските извештаи, двајца од застреланите биле малолетници, но не е јасно дали тие се меѓу загинатите. Засега нема јасни детали за вооружениот напад.

Медиумите објавија дека пукањето во југозападниот дел на Филаделфија, во Кингсесинг, се случило еден ден откако две лица беа убиени, а 28 беа повредени за време на маалска забава во градот Балтимор, Мериленд. Полицијата соопшти дека се уште трага по повеќе осомничени за пукањето.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Волстрит благо порасна, „Тесла“ меѓу најголемите добитници

Следно

Се вози без дозвола и под дејство на алкохол: Казнети 180 возачи за еден ден

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop