Нова потенцијална инвестиција на хрватската ЕЛКА, компанија за високонапонски кабли

August 21, 2025
1 min read

Директорот Гоце Димовски заедно со амбасадорот во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски денес во Загреб оствари средба со Матија Шешок, претседател на управниот одбор на хрватската компанија Елка, која е дел од Искра групацијата. На средбата се разговараше за потенцијалните можности за изградба на нова фабрика за електрични кабли во рамките на ТИРЗ, која би била специјализирана за производство на високонапонски до екстремно високо напонски кабли.

Директорот Димовски ги посочи можностите кои ги нуди Македонија како држава, односно ТИРЗ, со посебен акцент на поволната бизнис клима и актуелните политики, земајќи предвид дека државата е лидер во регионот кога станува збор за странските директни инвестиции.

„Како земја нудиме најразлични поволности за странските инвестиции кои носат додадена вредност во нашата економија, моментално сме и рангирани како една од првите шест земји лидери во светот кога станува збор за странските инвестиции. Оваа нова потенцијална инвестиција е значајна од повеќе аспекти, земајќи предвид дека ова би била првата фабрика надвор од Хрватска со што ќе се унапреди и позицијата на Македонија на мапата на СДИ.“ – истакна Димовски.

Претседателот на управниот одбор на Елка, Матија Шешок, нагласи дека Македонија претставува стабилен партнер со предвидлива деловна клима.

„Препознаени сме како водечки производител на електрични кабли во Централна и Источна Европа со силна посветеност на квалитет и иновации, како единствен производител на среднонапонски и високонапонски кабли во регионот. Верувам дека новата потенцијална инвестиција ќе има силно влијание врз технолошкиот и одржлив развој на Македонија, како и зголемувањето на извозот.“ – кажа Шешок.

Основана во 1927 година, компанијата Елка има богато наследство од речиси еден век во индустријата за електрични кабли. Производствениот погон, сместен во Загреб, работи од крајот на 1970-тите, заземајќи огромна површина од 88.000 м², со годишни капацитети што овозможуваат производство на 25.000 тони готови производи. Во јули 2021 година, по одобрение од органите за конкуренција во Хрватска и Словенија, компанијата ЕЛКА стана дел од групацијата ИСКРА, што го означи почетокот на нов циклус на континуирани инвестиции, развој и раст.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Мастерпланот за Чаир ќе ја дуплира економијата на Чаршијата

Следно

Цезар салата

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop