Нова кривична за Прпарим: Закупил простории неадекватни за Лотарија и по повисока пазарна цена за м2

February 19, 2025
2 mins read

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П. Б. во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.С. Македонија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот Законик.

-Пријавениот П.Б во својство на директор на АД Државна лотарија, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што на 05.07.2023 година склучил договор за закуп на административно – деловен простор со правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје за деловни простории кои не биле адатпирани и спремни за користење за потребите на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА по цена за м2 која е најмалку два пати повисока од реалната пазарна цена и со склучениот договор за закуп на деловни простории не биле запазени посебните услови од јавниот повик, односно, објектот е со поголема површина од бараните услови и не било опфатено дворното место кое претставува посебен услов предвиден во јавниот повик.

Пријавениот предвидел посебен услов во Јавниот повик – деловниот објект (административен дел) и магацинскиот простор да се со вкупна просторна површина од најмалку 2.000 до најмногу 2.500 м2 и истиот склучил договор за закуп на објект – деловни простории со површина од 2.426 м2 иако вкупната површина на објектот по Имотен лист изнесува 2.924 м2. Со намера да го изигра посебниот услов од јавниот повик, во текот на 2024 година склучил договор за послуга за останатите 502 м2 од објектот што е предмет на закуп. Пријавениот П. Б. иако во јавниот повик за прибирање понуди за закуп за деловни простории предвидел посебен услов понудувачот да има сопствено дворното место на објектот и да има простор за најмалку 50 паркинг места за патнички и товарни возила, истото не било опфатено во договорот за закуп склучен на 05.07.2023 година. Пријавениот склучил договор за закуп за деловни простории за 9 евра по м2 иако во тој период цената за м2 за слични објекти по намена и вид во населено место Визбегово се движела од 2.5 до 4.5 евра. Исто така, деловните простории не биле адаптирани за намената од договорот, односно, објектот – деловните простории требало да бидат реновирани и реконструирани при што за истото пријавениот предвидел и отпочнал Јавна набавка со износ од 1.300.000 евра за реновирање и реконструкција, што би претставувало дополнителен трошок за Државна лотарија, информираат од Управата за финансиска полиција.

На тој начин, пријавениот П.Б. во својство на директор на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА склучил договор за закуп на деловни простории кои не биле адекватни за потребите на Државна лотарија и за цена за м2 која е повисока од пазарните цени. По склучување на договорот за закуп на деловни простории од страна на пријавениот иако истите не биле користени од страна на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА согласно намената од договорот за закуп, АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА на правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје му исплатила 24.636.045 денари.

Со горенаведените дејствија, пријавениот П. Б предизвикал штета на буџетот на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА по основ склучен договор за закуп на деловни простории кои не биле користени согласно намената од склучениот договор во износ од 24.636.045 денари.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ни доаѓа ли ум: Вчера „само“ 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Следно

По Берберските овци, угина и мајмун во скопската Зоолошка

Latest from Blog

СДСМ бара Љутков да си поднесе оставка бидејќи сака културното наследство да му го препушти на бизнис секторот

Социјалдемократите реагираат на идеата на министерот за култура, Зоран Љутков, културното наследство да му се препушти на бизнис секторот. Според нив барањето на Љутков, кој е министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, не

Хрватска воведува задолжителен воен рок

Хрватска до крајот на годинава ќе ја постави правната рамка за темелно воено оспособување. Воениот рок ќе трае два месеци. Регрутите ќе имаат право на парична накнада од околу 1.100 евра месечно,

МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово

Одземени биле возила користени во „диви“ трки во Куманово, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. Во Секторот за внатрешни работи – Куманово вчера и завчера пријавено било дека на автопатот Куманово

„Израелската влада ‘во состојба на крајно лудило’ неселективно ги масакрира Палестинците“

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање на состанокот на парламентарната група за поддршка на Палестина истакна: „Израелската влада ‘во состојба на крајно лудило’ неселективно ги масакрира
Go toTop