Нов Зеланд ќе ги забрани еднократните електронски цигари

March 20, 2024
1 min read

ВЕЛИНГТОН (АА) – Владата на Нов Зеланд најави забрана на електронски цигари за еднократна употреба, чие „користење меѓу младите порасна на алармантно ниво“, јавува Анадолу.

Заменик-министерката за здравство на Нов Зеланд, Кејси Кастело, истакна дека зголемувањето на употребата на електронски цигари меѓу младата популација во земјата е алармантно за семејствата, наставниците и здравствените работници.

Кастело наведе дека сакаат да ги држат малолетниците подалеку од користењето електронски цигари и дека за тоа ќе се донесе нова регулатива.

Во уредбата, чија цел е да се забрани употребата на електронски цигари, се наведува дека комерцијалните претпријатија што им продаваат електронски цигари на лица помлади од 18 години може да бидат казнети со парична казна до 60.000 долари.

Во Нов Зеланд, каде што од август 2023 година е задолжително да има заштитна брава за деца на електронските цигари, забранета е употреба на привлечни називи како „шеќерна волна“ и „желе од јагоди“ во маркетингот на производите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Калиќи во „Полиграф“: Кога недостасува втората страна во една информација, се остава простор за дезинформација

Следно

Блинкен во нова посета на Блискиот Исток

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop