Нов успех на Димовска: Претседателката на Основен кривичен суд избрана за Агент на промени

November 10, 2025
3 mins read

Во тримесечниот Извештај во рамките на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор на Република  Македонија (2021–2026), спроведувана од Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ), за Агент на промени е избрана судија Даниела Димовска – В.Д. претседател на Основниот кривичен суд Скопје.

Преку обуките на ДЦАФ, насочени кон развивање на наставни капацитети, структурирано споделување на знаења, прецизно дефинирање на проблемите и поттикнување на судски дискусии, В.Д. претседателката стекна значајно практично искуство како обучувач. Со тоа, таа активно влијаеше врз унапредувањето на етиката, управувањето со конфликти и јавната комуникација, што сега успешно се применува и во работата на Основниот кривичен суд Скопје.

Ова признание претставува потврда за посветеноста на В.Д. претседателката Димовска кон независноста, ефикасноста и транспарентноста, преточени во конкретни и мерливи резултати во функционирањето на судот.

Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ) промовира добро владеење и реформи во безбедносниот сектор. Центарот спроведува истражувања за добрите практики, го поттикнува развојот на соодветни норми на национално и меѓународно ниво, ги прави препораките за политиките и обезбедува програми за советување и помош во земјата. Партнерите на ДЦАФ ги вклучуваат владите, парламентите, граѓанското општество, меѓународните организации и опсегот на услугите во безбедносниот сектор, вклучувајќи ги и воените, полициските, судските, разузнавачките агенции и службите за гранична безбедност.

Од студент на генерација до професионалец со големо искуство

Судиката Даниела Димовска во јули годинава е избрана за вд претседател на Основен кривичен суд Скопје.

Богата биографија, големо искуство во струката, студент на генерацијата, добитник на награди…

Димовска има магистрирано на државниот универзитет УКИМ на Правниот факултет, има завршено Академија на судии и јавни обвинители, има положено правосуден испит и нотарски испит, била дел од низа обуки значајни за нејзината кариера.

Родена е на 29.06.1985 година во Кочани. Во 2007 година дипломира на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје како најдобар студент на генерацијата. Од 2006 до 2010 година е ангажирана како демонстратор по предметот трудово право на истиот факултет.

Добитник е на наградата „Франг Манинг“ за најдобар студент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за академската 2005/2006 година.

Во периодот 2005-2006 година, преку проект на НДИ Институтот ангажирана е како практикант во Собранието на Република Македонија, а од 2007 година до 2013 година работи во истата институција. Во декември 2010 година е избрана за член на Комисијата за заштита од дискриминација. Во јуни 2011 година положила правосуден испит, a во октомври 2012 година положила нотарски испит.

Магистрирала на отсекот деловно право на Правниот факултет-„Јустинијан Први“ – Скопје, а во моментот е докторант на истиот факултет, на отсек кривично право. Во 2015 година завршила Академија за судии и јавни обвинители.

Во септември 2016 година е избрана за судија во Кривичен суд Скопје и распределена е за судија на претходна постапка, од 2021 година до 2022 година е судија за извршувње на санкции, од 2022 година до 2023 година работи во Одделението за кривично полнолетни, а од 2024 година до денес е судија во Одделението организиран криминал и корупција.

Во 2017 година завршила обука „Вовед во германското право“ организирана од Германската фондација за меѓународна соработка ИРЗ. Избрана е за член на работната група која ја изготви Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021-2023, а подоцна избрана е и за член на Националната комсија за следење на стратегијата.

Во 2022 година избрана е за арбитер во спортско арбитражниот суд на Олимпискиот комитет на Македонија, како и за Претседател на комисијата за уништување на дрога и други наркотични средства. Во 2024 година избрана е за заменик член на државната комисија за спроведување на правосуден испит.

Во 2025 година именувана е за член на повеќе работни групи и тоа на Работната група за изменување и дполнување на Законот за помилување, како и на Работната група за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Избрана е и за Претседател на комисијата за уништување на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Во 2023 година и 2024 година избрана од ОБСЕ Мисијата во Скопје за предавач на двонеделни обуки на врабоени во МВР во Секторот за дисциплински постапки.

Во периодот од 2020-2025 година одржа повеќе обуки во организација на ДЦАФ Центарот, поврзани со посебните истражни мерки.
Во 2024 година избрана е за предавач на Академија за судии и јавни обвинители. Ко-автор е на Прирачникот за спроведување на мерките за следење на комуникациите издаден во декември 2019 година во соработка на Академијата за судии и јавни обвинители и DCAF Женева, на Анализата на законот за извршување на санкциите објавена во 2023 година од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и на Водич за ништеење на податоци собрани со посебни истражни мерки објавен во 2024 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски во Битола ќе ги намалува управните одбори во јавните претпријатија

Следно

ВИДЕО: Експлозија во близина на Црвената тврдина во Њу Делхи, најмалку осум мртви

Latest from Blog

Трансфери: Баерн преговара со Кејн, Ѓокереш би можел во Барса, Ришарлисон си оди а Гакпо доаѓа во Тотенхем

ФОТО: FC Bayern München/FB И покрај понудите, веќе е јасно дека Хари Кејн нема намера, барем засега, да си оди од Баерн Минхен. Од таборот на “баварците“ велат дека наредните денови ќе

Табановце повторно без поголеми задржувања: Странските возачи казните можат да ги платат преку апликација

Сообраќајот на Граничниот премин „Табановце“ денеска се одвива нормално и без поголеми задржувања, информира Министерството за внатрешни работи. Во изминатиот период на преминот беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возила со

Случајот со спорното млеко се шири: Land и My Cow биле дел од понудата и во Македонија

Случајот со млечните производи што деновиве е во фокусот на јавноста во Косово има допирна точка и со македонскиот пазар. Два од брендовите што се појавуваат во официјалните наоди на косовските институции,

“Со Еспи појадуваме заедно секој ден, тој го живее својот сон!“ (ВИДЕО)

фото:x.com/realmadriden На отворањето на новата сезона, Реал Мадрид успеа да слави на гостински терен кај Еспањол со гол во судиското продолжение. Со многу нетрпение, навивачите на најважниот спореден настан во Шпанија, па

СВИРЕЖИ И ПОТСМЕВ ЗА ФРИДРИХ МЕРЦ (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочи со неодобрувачки извици и потсмев за време на посетата на област погодена од пожари во Хигеланд, во неговото прво јавно појавување по првиот ден назад на
Go toTop