Нов тим влегува во Формула 1

March 7, 2025
1 min read

Американскиот тим Кадилак ќе се натпреварува на трките во Формула 1 од 2026 година, објави во петокот Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА).

Кадилак со тоа ќе стане 11-тиот тим што ќе се натпреварува во Формула 1 шампионатот.

-Како што рековме во ноември, посветеноста на Џенерал Моторс да го донесе тимот на Кадилак во Формула 1 беше важен и позитивен показател за еволуцијата на нашиот спорт. Со нетрпение очекувам да дочекам нов тим од 2026 година, изјави Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1.

Американскиот тим ќе користи мотор на Ферари во првите две сезони, додека не произведе сопствена погонска единица.

Овогодинешната сезона во Формула 1 ќе започне на 16 март со Големата награда на Австралија, а во неа ќе се натпреваруваат 10 екипи.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на турската дипломатија Фидан се состана со египетскиот колега Абдулати во Џеда

Следно

Утре без струја дел од кориниците од две улици во Кисела Вода

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните
Go toTop