Нов обид за една изборна единица – партиите начелно согласни, но секој излегува со свои предлози

June 2, 2025
1 min read

Нов обид на помалите политички партии за промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи. Претседателката на Либерално демократската партија Моника Зајкова за Тв21 изјави дека денеска го поднеле предлогот за измена на Изборниот законик во Собранието. Сепак како ќе се постигне консензус за овие измени, Зајкова вели дека доколку се отвори дебата се подготвени да прифатат и одредени сугестии кои би биле во рамките на концептот за една изборна единица.

„Во законското решение предлагаме една изборна единица, законското решение е пуштено без изборен праг, меѓутоа отворени сме да разговараме во однос на тој дел кога ќе се отвори дебатата, предвидува отворени листи за локалните избори затоа што навистина сметаме и покажаа сите овие работи кои што ни се случија во општеството дека ни треба директен избор од граѓаните“, рече Зајкова.

Премиерот Мицкоски уште во четвртокот на седницата за пратенички прашања повика да се направат измени на Изборниот законик со една изборна единица со што ќе се овозможи и гласање на дијаспората.

„Не сме седнале до сега да разговараме со никого на оваа тема, но принципиелно како ВМРО-ДПМНЕ, еве ќе повторам пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ние ќе поддржиме една изборна единица во кое што право ќе има да гласа и дијаспората“, вели Мицкоски.

И од ДУИ се согласуваат на една изборна единица но со праг од 5 проценти. Од оваа партија прашуваат зошто се уште не е формирана работна група на која би се дискутирало за измените на законот, кои треба да се носат 6 месеци пред одржувањето на изборите.

„Ние сме за една изборна единица, но со праг, минимален праг, а тоа значи 5 посто од излезноста, односно 3 посто од вкупниот број на избирачи на листата на избирачи и со отворени листи.“, изјави Арбер Адеми.

И од СДСМ велат дека се за отворени листи. Претседателот на партијата Венко Филипче деновиве порача дека неговата партија е подготвена да разговара за оваа иницијатива но рече дека таквите промени треба да бидат дел од поширока дебата во која ќе учествуваат сите политички партии. Покрај прашањето за една изборна единица, тука се и прашањата за цензусот и за отворените листи, рече Филипче.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Избегната огромна трагедија во Србија: Целосно изгоре автобус во кој се превезувале деца

Следно

Илјадници сириски бегалци се враќаат дома по падот на режимот на Асад

Latest from Blog

Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби на ова чувствително прашање од страна на дел од опозицијата, насочени кон

Општина Битола ја зголемува употребата на соларна енергија во училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија. На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на

Голема акција на полицијата низ цела Србија: ГИ КОРИСТЕЛЕ ДЕЦАТА ЗА ПОРНОГРАФИЈА!

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Дирекција за технологија, Служба за борба против високотехнолошкиот криминал, во продолжение на акцијата „Армагедон“, по наредба на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство

Николоски најавува долгорочен развој преку нов просторен план

Скопје – Во тек е подготовка на нов просторен план на државата, документ кој треба да ја дефинира долгорочната насока на просторниот и инфраструктурниот развој, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар
Go toTop