Нов мандат, нови проекти: Коњановски ветува подобар живот за битолчани

October 31, 2025
1 min read

Тони Коњановски официјално го прими Уверението за избран градоначалник на Општина Битола, со што започнува неговиот нов четиригодишен мандат. Врачувањето беше извршено од претседателот на Општинската изборна комисија, Игор Талевски.

Во обраќањето пред сограѓаните, Коњановски истакна дека зад себе остава мандат со стотици реализирани проекти кои ја подобриле инфраструктурата, културната и спортската понуда, образованието и јавните услуги во општината. „Се работеше насекаде – од центарот до најоддалечените рурални подрачја. Се изградија патишта од над 50 километри, се инвестираше во топлификација, јавни објекти, култура и спорт“, рече тој.

Коњановски потенцира дека во следните четири години ќе продолжи со реализација на започнатите проекти и со развој на нови, со цел Битола да ја врати својата препознатливост и да стане модерна, урбана и динамична општина. Тој најави изградба на нов булеварски влез, реконструкција на улици, обнова на јавни простори, како и унапредување на образованието, културата и спортот.

 

Градоначалникот посочи дека ќе продолжи да одговара на критиките на граѓаните и дека транспарентноста и соработката со изведувачите и јавноста остануваат приоритет. „Гласот на народот е главната моја сатисфакција и мерка за сработеното“, додаде тој.

Коњановски истакна дека ќе работи и на создавање нови работни места, привлекување инвестиции и зајакнување на локалната економија, со цел младите да останат да живеат и работат во својот град. Тој ја потврди својата посветеност Битола да биде место каде што сите жители ќе можат да живеат подобро, со достоен живот и развиена инфраструктура.

„Да ги задржиме младите, да ги привлечеме со успешни приказни, со зајакната економија, со добра инфраструктура и здрава животна средина. Да им дадеме достоен живот на сите жители на Битола“, порача Коњановски, заблагодарувајќи им се на граѓаните за довербата и поддршката.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Декларацијата Скопје“ – ново поглавје за зелена, одржлива и безбедна енергетска иднина

Следно

Вречено Уверението за избран градоначалник на општина Битола

Latest from Blog

Киносалите во Кина достапни и за домашни миленици

Кинеските кина почнаа со прикажување филмови, наменето за посетители со домашни миленици, претворајќи го традиционалното кино-доживување во нов начин на заедничка забава. Салите се прилагодени за престој на кучиња и мачки, со

Јаневска: Образованието е заедничка општествена одговорност

Министерството за образование и наука и другите институции и образовни установи добиваат сè повеќе партнери во заложбите за унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. Убедена сум дека така и треба да биде,

Видео: Ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил

Инцидентот се случил во градот Гваиба, во државата Рио Гранде до Сул, каде што голема реплика на познатата статуа од Рио де женерио е поставена пред продавница  Хаван. Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната,

ПАРИТЕ ОДАТ ВО АЛБАНИЈА НАМЕСТО ВО БЕЛГРАД ПОРАДИ БЛОКАДЕРИТЕ: Зетот на Трамп ја откажува инвестицијата од 750 милиони евра

Зетот и инвеститор на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се откажа од инвестиција од 750 милиони евра за изградба на хотел во центарот на Белград и наместо тоа парите ќе одат
Go toTop