Нов допинг скандал во фудбалот, голема ѕвезда суспендирана на две години

March 25, 2024
1 min read

Габриел Барбоса, познат како Габигол, се соочува со двегодишна забрана за мамење на антидопинг тест, што значи дека ќе паузира до пролетта 2025 година.

По судењето во понеделникот, каде што беше обвинет за прекршување на процедурата и обид за измама, беше одлучено напаѓачот на Фламенго да започне со издржување на казната на 8 април. На Габигол му беше дозволено да се жали на оваа одлука.

За време на тестирањето, Габигол се однесувал непрофесионално, ги игнорирал службениците на антидопинг агенцијата и не ги почитувал пропишаните процедури.

Обидот за мамење за време на тестот беше основа за суспензија од четири години, но на крајот тој беше осуден на двегодишна казна.

Пресудата се заснова на сведочењето на биохемичар кој го објаснил процесот на антидопинг тестирање, нагласувајќи дека гестот на Габигол бил оценет како измама или обид за измама.

Оваа суспензија ќе го оддалечи од терените во екот на кариерата. Габигол, чиј успех во Фламенго е исклучителен од 2020 година, ќе мора да почека до 2025 година за да се врати на терените.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеколи за ТВ 24: Не е важно дали е црн или бел мачор, важно е да се сработи задачата

Следно

ВИДЕОТО НА КЕЈТ „ПАДНА НА ТЕСТОТ“ НА ЈАВНОСТА: Воочени СЕДУМ спорни кадри продукт на вештачката интелигенција! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop