Нормализиран сообраќајот на патот Бунец – Леуново, во прекин Никфорово – Леуново

October 3, 2025
1 min read

Сообраќајот на регионалниот патен правец Бунец – Леуново од 17 часот е нормализиран, додека на регионалниот пат Никфорово – Леуново и натаму е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловозот. Како што соопшти АМСМ, се интервенира за негово расчистување.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Големиот војвода Гијом положи заклетва како нов владетел на Луксембург

Следно

Проблеми за Барса: Јамал повторно се повреди и ќе биде во „аут“ две до три недели!

Latest from Blog

Министерката Божиновска: Даночните работници се основа за стабилна економија

Заедно со премиерот Мицкоски, министерката Сања Божиновска присуствуваше на одбележувањето на Денот на даночните работници, кој е силен потсетник за важната улога на даночната администрација во стабилноста на државата. – Ги слушнавме

„Touch the Goal“ – Фудбал за сите деца промовиран со поддршка на Министерството за спорт

Претставници од Министерството за спорт денеска присуствуваа на промоцијата на проектот „Touch the Goal – Football for Every Child“, што ја организираше ОУРЦ „Иднина“ – Скопје. Проектот се реализира со поддршка на

Иран ќе ја бојкотира ждрепката за СП 2026

фото: Megatron (X) Иранската фудбалска федерација одлучи да ја бојкотира ждрепката за Светското првенство во 2026 година, која ќе се одржи на 5 декември во Вашингтон, откако САД одби да им даде

Кремљ: Ја добивме мировната рамка меѓу Украина и САД, ќе ја разгледаме идната недела

Русија ја доби она кое САД и Киев го нарекоа „ажурирана и префинета мировна рамка“ за завршување на војната во Украина, и ќе биде дискутирана следната недела, потврди денеска Кремљ. Рускиот претседател

Петте јазици на љубовта: Брачен терапевт открива зошто често не се разбираме иако се сакаме

Гери Чепмен е доктор по психолошки науки, мотивациски говорник и брачен советник. Веќе неколку децении активно работи на емоционални проблеми, помагајќи им на луѓето да изградат цврсти и долготрајни врски. Неговата книга
Go toTop