Нивите во Полошко останаа необработени-трошоците се високи, а профиот мал

March 23, 2024
1 min read

Во последниве години, сè повеќе и повеќе во Полог, може да наидеме на вакви области, незасадени и запоставени. Сето ова е затоа што нема профит, велат земјоделците, кои секој ден мислат да се откажат од земјоделството.

Нагип Рушити се занимавал со земјоделство околу пет децении. Но, минатата година, се откажа поради немање профит. Според него, последните 20 години се најцрни за земјоделството, притоа обвинувајќи ја државата дека воопшто не помага.

„Никогаш не сме биле полоши од овие 20 години. Работевме напорно во последните 20 години, но само губиме. Синот тера некако, инаку други нема кои работат со земјоделство. Јас се повлеков од земјоделието. Владата не помага, ако не дадеш поткуп, нема. Конкурирав неколку пати за машините, ако не дадеш некому, нема машина. Мора да дадеш. Мојот внук конкурираше за најскапата машина, бидејќи нема да ја купи, на еден мито, на друг мито, и не останува ништо на крај. Големите се големи апаши, ненаситни“, рече Нагип Рушити, земјоделец.

Беким Решити од Мала Речица, вели дека некогаш немало нива без сеидба, а сега со зголемувањето на расходите нивите останале празни.

„Порано немаше поле на кое не се работеше, сега се чини дека се работат, но се целосно запуштени поради огромните трошоци. Немаме есап, и подобро ги оставаме несадени. Се чини дека државата помага, но помага со маслото, со нафтата колку да одиш до нива и да се вратиш, толку. За еден работник е тешко, па и за тие малкумина нема есап, 40-50 евра бараат и тоа со работно време плус храна. Фамилјарно се занимававме со земјоделство, но гледам дека тоа веќе не оди, сакам да оставам се“, нагласи Беким Решити, земјоделец.

Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Тетово, информираат дека лани имало близу 4.000 барања за мерки за земјоделците и сточарите, а годинава овој број е намален. Причина за тоа според нив биле се и климатските услови, кои предизвикаа намалување на жетвата на пченицата за околу триесет проценти./Алсат.мк

Башким Сулејмани

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО НА НОВ УДАР: Луѓето тврдат дека снимката е лажна и дека тоа не е Кејт, направено е со помош на вештачка интелигенција (ВИДЕО)

Следно

Гутереш од Рафа: Доста е од овој кошмар без крај во Појасот Газа

Latest from Blog

Предвидувања на Нострадамус за 2026.- едно е поврзано со војна во Европа

Неговата книга „Пророштва“ (Les Prophéties) е објавена во 1555 година и оттогаш привлекува светско внимание. Повеќето академски извори не ја потврдуваат врската помеѓу испишаните катрени и историските настани што следеле, верувајќи дека

БЕШЕ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ И ЖИВ ОГАН Од седум брака нејзиното темпо најдобро го следел само Ричард Бартон

„Подготвена сум да одам. Не сакам да задоцнам“, ѝ рекла Елизабет Тејлор на медицинската сестра на смртната постела, само неколку минути пред да ги затвори очите и да почине. Тоа било на

ИМААТ РЕЧИСИ ПО 90 ГОДИНИ Најпознатите баби на Инстаграм развијаа „опасен“ бизнис

Две искусни баби од Апулија, во поодмината возраст, станаа ѕвезди на Инстаграм благодарение на своите кулинарски вештини, кои ги „зачинија“ со хумор и добра забава. Искусните раце ги водат прстите на почетниците
Go toTop