Ниту една од 11 институции за рехабилитација не е соодветна за Леонид

February 23, 2024
4 mins read

Ниту една институција во државата не е соодветна да третира пациенти со тешки оштетувања како што има 19 – годишниот Леонид Индов, велат лекари и директори на институции за рехабилитација со кои разговараше Радио Слободна Европа. Осумнаесетгодишниот Леонид Индов минатото лето доживеа тешка несреќа на летување во Грција што предизвика сериозна повреда на рбетниот мозок.

Новиот робот за рехабилитација, таканаречен „локомат“, што пред Нова Година го доби Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Козле(поранешен Завод за рехабилитација) уште не е во функција, а и да е – прашање на стручна проценка е дали воопшто Леонид ќе може да го користи.

Овој робот се смета за еден од најсовремените апарати за рехабилитација и е голема надеж за пациенти кои поради повреда не можат да се движат.

„Фондот за здравствено осигурување треба да оформи цена по која пациентите ќе го користат апаратот. Ние доставивме се што беше побарано од нас“, изјави д-р Велика Лабачевска, в.д директорка на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација за Радио Слободна Европа.

Промоција на нов современ апарат за роботска рехабилитација - Локомат, на Универзитетската клиника за физикална терапија и рехабилитација во Скопје, 20.12.2023 година.

Промоција на нов современ апарат за роботска рехабилитација – Локомат, на Универзитетската клиника за физикална терапија и рехабилитација во Скопје, 20.12.2023

Заменик министерката за здравство Маја Манолева пак пред два дена изјави родителите на Леонид не побарале рехабилитација во земјава, но и дека роботската рехабилитација е во функција.

„Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, од којашто јас дојдов на позицијата заменик министер, во последниве 4-5 месеци веќе работи со најнова, најсовремена апаратура за роботска рехабилитација којашто им овозможува на тешките неподвижни пациенти да го вратат процесот на одење„ изјави Манолева на 21 февруари при посетата на Здравствениот дом во Тетово.

Според индикациите што ги изготвиле стручните лица од Клиниката за физикална медицина, роботот не е препорачлив за пациенти со декубит(рани на телото), со трахеостома, со респиратор, со контрактури на екстремитетите…Нашите извори велат дека овој апарат дури и нема дел каде пациент може да ја стави раката, односно дека е наменет главно за рехабилитација на способноста за одење.

За работа со роботот се обучени шестмина терапевти од клиниката. По две стручни лица заедно оценуваат кој пациент е погоден да се стави на роботот. Засега, пробано е со пациенти кои лежат во клиниката за рехабилитација, и тоа со малкумина од нив. Изворите на Радио Слободна Европа велат дека за пациенти кои доаѓаат од надвор(не лежат во Заводот) роботот досега не бил користен.

Апаратот чини 940.000 евра, а го набави Министерството за здравство.

Од цел список центри за рехабилитација, четири се бањи

Радио Слободна Европа го доби списокот од Фондот за здравствено осигурување(ФЗОМ) за институциите со кои ФЗОМ има склучен договор за медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување на товар на државата.

На списокот се 11 институции, од кои четири се бањи („Катланово“, „цар Самоил“, „Негорски бањи“ и Дебарски бањи“), два се заводи за рехабилитација на говор (Во Скопје и во Битола), а една е Детската клиника за респираторни заболувања.

Од останатите четири институции (Завод за кардиоваскуларни заболувања – Охрид, болница за респираторни заболувања во Отешево, Клиниката за физикална медицина во Козле (поранешен Завод за рехабилитација) и болницата за трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид , за најстручни што можат да третираат пациенти кои не се движат се сметаат Заводот во Козле и „Свети Еразмо“.

„Во Скопје има најмалку пет-шест млади луѓе како Леонид кои лежат в кревет поради повреда на р’бет или со тешки последици од мозочен удар. За да се каже дали пациентот е за кај нас, мора прво да го видиме и да се направи стручна проценка. Ние сме третирале слични случаи, некои станувале..не располагаме со говорни терапевти, а не се применуваат ни некои од методите што ги набројува центарот од Виена во случајот на Леонид – велат нашите извори од Клиниката за физикална медицина.

Д-р Јордан Смически, директор на „Свети Еразмо“ – Охрид, вели дека ниту имаат простор, ниту имаат кадар за рехабилитација. Болницата се реконструира веќе седум години, целиот кат што бил за физикална терапија сега се користи за други намени.

„Во поранешна Југославија бевме први, имавме невидени успесо во рехабилитацијата. Но, сега немаме никакви услови за вакви пациенти. Имаме двајца физиотерапевти, од кои едниот е пред пензија. Имаме пациенти во државата како Леонид, и за нив треба да се направи посебен центар“, изјави Смически за Радио Слободна Европа.

Лекарите со кои разговараше Радио Слободна Европа се согласни дека Центар за кома и Центар за квадриплегија се места соодветни за лекување на луѓе со повреди како Леонид Индов. Такви центри нема во Северна Македонија.

Две барања, двете се одбиени

Леонид Индов е ученик во математичко-информатичката гимназија во Скопје и сега требаше да биде четврта година. Има повеќе интернационални успеси, а добил и прво место на меѓународен натпревар НАСА за развој на апликации.

Јани Илиев, пациент на рехабилитација во Грција

Јани Илиев, пациент на рехабилитација во Грција

РСЕ објави дека во слична состојба како Леонид е и 19-годишниот Јани Илиев од Неготино, кој со помош на донации веќе 14 месеци е на рехабилитација во Грција. И покрај тоа што Клиниката за физикална медицина во 2022 година дала предлог Јани да биде испратен во странство, ФЗО го одбил барањето затоа што во правилниците и законите според кои работи Фондот специјализираната медицинска рехабилитација во странство, како продолжено болничко лекување, не може да биде на товар на државата.

Според податоците што го добивме од ФЗОМ, од 2022 година досега, две лица поднеле барање во ФЗОМ за специјализирана рехабилитација во странство. Двете барања се одбиени.

„Медицинската рехабилитација како продолжено болничко лекување, Фондот за осигурените лица ја обезбедил во здравствените установи во Р.Северна Македонија со кои склучил договор. Според Законот за здравственото осигурување, осигуреното лице може да користи болничко
лекување во странство со одобрение на Фондот, само ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во државата, а во земјата во која осигуреникот се упатува постои можност за успешно лекување на тоа заболување“, соопштија од ФЗОМ.

Откако јавноста се мобилизира да собира донации за Леонид да го продолжи лекувањето во Виена, од ФЗОМ рекоа дека одлуката на првостепената комисија не е конечна и дека треба да се изјасни и вторестепената лекарска комисија. За да се сменат правилата и рехабилитацијата во странство да ја покрива државата, од ФЗО рекоа дека се потребни законски измени, но и нов начин на финансирање на здравствениот систем.

Леонид Индов беше испратен во Виена на 6 февруари со хелихоптер за медицински транспорт од хелихоптерската единица на МВР. На настанот присуствуваа заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Боцмајлиев, Сашо Тасевски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), како и Христијан Костов, директорот на ГОБ „8-ми септември“.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДУИ не се откажува од Законот за игри на среќа

Следно

Дојава за бомба на неколку локации во Атина

Latest from Blog

Мусиала има фрактура и дислокација на фибулата на зглобот

Џамал Мусиала доживеа тешка повреда во четвртфиналето на Светското клупско првенство, по дуелот со голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума. Најцрните предвидувања се потврдија, баварците споделија официјални информации за повредата. Мусиала има фрактури

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.

Министерот за здравство да си ја гледа работата, а не да кажува како да известуваат новинарите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид

Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека направени се промени кои ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле. Покрај опремата

Мартин Костовски: Голема нервоза во белата палата, Петрушевски ме клевети со лаги за кои веќе има судска одлука

Во реакција на својот профил на Фејсбук на прес конференцијата на Бране Петрушевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, порача: Голема нервоза во белата палата. Го извадиле Бране, човекот
Go toTop